Филипинката Кристи 14 години живее во Македонија: „Родителите првпат ми дојдоа на гости - што ги воодушеви, а што не им се допадна?“
- Детали
- вторник, 11 февруари 2025
„Свекрва ми зборува малку англиски, а моите родители воопшто не знаат македонски, но комуникацијата им одеше одлично - мавтаа со рацете, се снаоѓаа како знаеја и умееја, важно секогаш беа насмеани“, вели Филипинката Кристи која е 14 години во брак со Македонец и по толку време, првпат ги пречека родителите на гости.
Кристи Рејчел Трајкоски потекнува од Филипините, но веќе 14 години живее во Македонија.
Сопругот Бојан од Македонски Брод го запознала додека двајцата работеле на крузер.
Тие имаат две деца, кои иако живеат во Македонија, учат за културите на двете земји од кои потекнуваат нивните родители.
Кристи вели дека на почетокот ѝ бил необичен животот во мал град, бидејќи живеела во Манила, метропола со 15 милиони жители.
Но, денес ужива во нејзината нова татковина, каде што неодамна имаше можност да ги прошета и своите родители.
Мајката и татко ѝ на Кристи минатата пролет првпат дојдоа во Македонија и имаа можност да видат голем дел од убавините на земјата.
А кога по 3 месеци си заминале назад на Филипините, со себе, освен убави спомени, понеле и многу тегли ајвар.
Кристи за CRNOBELO.com раскажа за посетата на нејзините родители, но и за роденденската прослава на нејзиниот татко кој тука наполнил 70 години:
„Поминаа веќе 14 години од кога сум во Македонија, a ново е тоа што имам свој бизнис за рачни персонализирани креативни и уникатни подароци, The Print Boutique.
По толку време во Македонија, моите родители Дејси (64) и Тони Магно (70), конечно ни дојдоа во посета.
Ова беше нивната прва посета на земјата и, малку е да кажам дека, беа воодушевени.
Моите родители останаа тука 90 дена. Практично, тоа се максимално дозволени денови за туристичка виза.
Во Македонија пристигнаа во пролетната сезона, и тука престојуваа од април до јуни 2024-та, кои се најдобрите месеци во годината.
Летот од Филипини до Македонија им траеше 13 часа, плус чекањето на аеродроми, така што сè на сè патувањето беше речиси 16 часа во еден правец.
Кога пристигнаа беа уморни и ненаспани, но истовремено среќни и возбудени што првпат доаѓаат кај нас.
Уште на самото пристигнување на аеродром беа воодушевени, но и зачудени како луѓето им помагаат.
Татко ми користи бастун и оди полека, а вработените на аеродромот му помогнале да дојде до излезот каде што ние ги пречекавме.
Тука ги дочека скоро целото мое семејство - сопругот, нашите деца и мојата свекрва Благица, заедно со снаата Гордана и сопругот Сами.
Едноставно, се чувствуваше љубовта и нашата среќа бидејќи се конечно дојдени тука, кај нас во Македонија.
За време на нивниот престој, дадов сè од себе за тие да видат и да посетат колку што е можно повеќе места.
Имав подготвено цела агенда за секој ден од нивниот престој, така што скоро секој ден патувавме некаде.
Некои од местата што ги посетија се: туристичките локации во Скопје, Велес, неколку познати винарии во земјава, Демир Капија, Кавадарци, Богданци, Гевгелија, Дојран, Охрид, Тетово, многу манастири, Прилеп, Битола, Кичево, езерото Козјак, Македонски Брод, селата во Поречието како Калуѓарец, Сланско, пештерата Пешна и други места.
Моите родители навистина беа воодушевени од убавината на Македонија.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109834_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107652_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107759_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112024_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114622_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111190_400.jpg)