Сања oд Скопје е програмер, мајка на 2-годишен син и страсна танчарка, која снима забавни танцувачки видеа
Една работилница трае 2 часа, вообичаено се одржува во недела и учиме една кореографија која ја спремам, на крајот сите учесници снимаат видео со мене или сами по желба.
Овој концепт е убав бидејќи учесниците се забавуваат и ги надградуваат своите танцови знаења, воедно шириме и се полниме со позитивна енергија.
Овие работилници се за луѓе со претходно танчарско искуство, а од март планирам да почнам со редовни часови регетон два пати неделно каде што ќе се учат основните изолации и чекори за почетници на локацијата во Дебар Маало.
Од каде идејата за танцувачките видеа?
Таа идеја отсекогаш постоеше во мене, секогаш кога држев часови снимавме видеа. Секогаш гледам видеа од танц на социјални медиуми и ми излегуваат такви видеа затоа што тоа ме интересира.
Низ годините од време на време знаев да снимам по некое видео и да го објавам. Секогаш наоѓав изговори зошто да не снимам повеќе видеа.
Тоа што ме одлучи да се посветам и да го правам тоа често (неколку пати неделно) е промената низ која поминав во 2024 година кога ја барав својата автентичност и сакав да ја следам својата интуиција која ми кажуваше дека треба да се посветам на танцот.
Сфатив дека преку овие видеа јас можам да ја пренесам мојата радост, моите емоции и мојата мотивација на другите луѓе.
Сметам дека секој човек го влече некоја уметност и дефинитивно треба да ја прави, без разлика дали е тоа аматерски или професионално. Знам дека за многу луѓе таа уметност е танцот и сакам да ги мотивирам да го прават тоа, да го гледаат, да се интересираат и да растат во секој поглед.
Снимам и објавувам видеа од некои танчарски предизвици кои се актуелни во моментот на Инстаграм и на Тикток, мои кореографии и работилниците кои ги организирам.
Сакам да снимам заеднички видеа и со други танчари, отворена сум за соработки. Исто така кога има објавувам смешни bloopers од снимањата на видеата“.