Анета од Скопје креира производи со дезени инспирирани од македонската традиција: „Сакам да поттикнам интерес за нашата култура“

Кои се најпопуларните дезени и продукти кај купувачите? Генерално, има ли интерес за твоите изработки и кај кој се попопуларни – кај постарите или помладите? Дали правиш дизајни по нарачка?

Дизајни кои предизвикале најголем интерес се: Големата Божица Мајка, Тетовската Менада, Златната маска од Охрид, Ангелот од Курбиново, Џоломар, Вез од Скопска Црна Гора и многу други од различни краеви на Македонија.

Едни од најбараните производи на Акреа се тоте торбите и подметнувачите за чаши.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-08.JPG

Нескромно ќе кажам дека концептот предизвика голем интерес и воодушевување што особено ме радува и мотивира.

Повозрасните покажуваат поголем интерес за дизајните со везови, а помладите за дизајните со претстава на археолошките артефакти.

Засега не изработувам дизајни по нарачка, сакам да ја задржам уникатноста на концептот и личниот печат во него. Но, не ја исклучувам и таа можност во иднина.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-10.JPG

Постојат ли помалку познати македонски традиции и мотиви кои пробуваш да ги направиш попопуларни преку твоите изработки?

Постојат помалку познати мотиви и традиции чие запознавање е поттикнато токму од дизајните на Акреа.

Ќе ги истакнам мотивите од фреските, обредните маски од карневалите како Џоломари и Прилепски мечкари, мотив од невестинска шминка - свадбен обичај од Скопска Торбешија, мотиви од ентериери...

Секој дизајн крие своја автентична приказна која предизвикува воодушевување кај секого.

Сиот концепт и замисла е преку современиот дизајн и производите, да ја поттикнам промоцијата на нашата богата култура и да поттикнам запознавање и интерес за истата, со посебен акцент на помладите.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-06.JPG

Кој ти е омилениот дизајн што си го направила и зошто? А, кој е најкомплексниот, што те измачил најмногу?

Омилени ми се првите мои нацртани дизајни, Вез од Скопска Црна Гора, мојот омилен вез кој ме воодушевува со својата уникатност.

Деталите и боите се толку едноставни, а истовремено и толку моќни и специфични.

Другиот дизајн е Голема Божица Мајка од Тумба Маџари, еден од моите омилени археолошки артефакти.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-03.JPG

Најкомплексните дизајни кои ги креирав до сега се Мијачките везови од Лазарополе и Ореше.

Мијачкиот вез е доста сложен, богат со шари, кои го прават посебен и карактеристичен.

Вистински предизвик ми беше и Ангелот од Курбиново да го претставам во нов, современ контекст.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija18.JPG

Какви ти се плановите за во иднина? Дали би сакал да користиш и некои традиционални техники за изработка на твоите продукти, пример со разбој за ткаење?

Во иднина ќе работам на нови дизајни и нови производи. Ќе работам на желбата Акреа да добие сопствено продажно место.

Ќе воведам и традиционални техники во изработката на производите и дизајните како везење, плетење и ткаење.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-.JPG

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Анета Апостолоска за борбата со рак на дојка: „Маж ми имаше 2 операции на срцето, кога се смирив, до... „Мојот сопруг ме натера да појдам на МР, на биопсија, на операција, тој беше орг...
Сташа Божиновска ја преточи азбуката во накит: „Ова е мој личен обид да го зачувам богатството на ма... „Кога имав 14 години, татко ми одлучи да ја продаде семејната компанија „Бо...
Бојан Ковски за изложбата во која нацрта 16 голи тела: „Однапред ги спремам моделите за да нема неоч... „Времето потребно за сликање едно тело зависи од комплексноста на дизајнот. Обич...
Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвез... „Ми се јави Ристо Вртев од „Архангел“ и ми вели: „Роки, вистина ли загинал Тоше?...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Мира од Битола рачно изработува кукли: „Главна инспирација ми е внуката Луна“ „Првата кукла ја сошив пред да се роди мојата внука Луна - ја шиев на машина, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg