Анета од Скопје креира производи со дезени инспирирани од македонската традиција: „Сакам да поттикнам интерес за нашата култура“

„Македонија е непресушен извор на инспирација која ја наоѓам одново и одново насекаде, во архитектурата, пејзажите, фрескоживописот, иконописот, обичаите, приказните, песните, легендите“, вели Анета, сопственичка на брендот Акреа кој нуди производи со уникатни дезени инспирирани од македонската традиција и историја.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-01.jpg

Анета Атанасовски од Скопје е дипломиран историчар на уметност и археолог, но се занимава и со дизајн, фотографија и сликарство.

Таа е сопственичка на Акреа – бренд кој претставува колекција од разни продукти со дезени инспирирани од македонската традиција, историја и култура.

Дизајните на Анета се уникатен спој на традиционалното и модерното, а колекцијата вклучува продукти како торби за пазарење и подметнувачи за чаши.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-12.JPG

Во разговор со CRNOBELO.com, Анета открива детали за нејзиниот бизнис и непресушната инспирација што ја нуди македонската историја:

Од каде ја доби идејата за бизнисот, колку време го работиш и зошто баш дизајни инспирирани од македонските народни везови и културно наследство?

Идејата за концептот постоеше подолго време, но поради долгогодишниот работен ангажман, не бев во можност да ја реализирам.

Во октомври 2024-та, Акреа одбележа 1 година постоење.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija1.JPG

Идејата за Акреа произлезе од моето стручно образование, искуствата, работата со културното наследство.

Но, најголем поттик и влијание да ја создадам Акреа имаа љубовта и интересот за нашето културно наследство, уметноста и народната традиција.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-02.JPG

Кои македонски симболи, дезени и слично ти се омилени и имаат најголемо влијание врз твојата работа? Дали можеби црпиш инспирација и од македонски народни приказни, песни…?

Особено импресивни и инспиративни ми се народните носии и везовите со сиот свој раскош, убавината, вештината во изработката, вековноста, боите, шарите, мистичноста...

Македонија е непресушен извор на инспирација која ја наоѓам одново и одново насекаде, во архитектурата, пејзажите, фрескоживописот, иконописот, обичаите, приказните, песните, легендите, уметничките слики, фотографиите.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-07.JPG

Како изгледа твојот креативен процес – од осмислувањето на дезенот до крајниот резултат? Колку трае изработката на еден продукт? Дали вметнуваш и модерни елементи и дали некогаш правиш комбинации со други култури и народи?

За изработка на дизајните најпрво користам стручна литература, разгледувам фотографии, понекогаш правам и теренски истражувања.

Потоа дизајнот го цртам рачно. Следна постапка е графичка обработка на цртежот.

Графичкиот фајл на крај се аплицира на производите со помош на печатење.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-14.JPG

Времето за изработка на еден дизајн зависи од сложеноста на истиот. За некои од дизајните ми биле потребни и по 2-3 дена за конечен изглед.

Сите дизајни се изработени во современ, модерен израз. Концептот на Акреа претставува современ и креативен израз на културното наследство и народната традиција, спој на минатото и современото.

Во секој дизајн ја задржувам автентичноста, стилизирани се само линиите со што на дизајнот му се дава нов, современ израз.

aneta-od-skopje-pravi-dezeni-inspirirani-od-tradicijata-i-istorijata-makedonija-e-nepresushen-izvor-na-inspiracija-13.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Анета Апостолоска за борбата со рак на дојка: „Маж ми имаше 2 операции на срцето, кога се смирив, до... „Мојот сопруг ме натера да појдам на МР, на биопсија, на операција, тој беше орг...
Сташа Божиновска ја преточи азбуката во накит: „Ова е мој личен обид да го зачувам богатството на ма... „Кога имав 14 години, татко ми одлучи да ја продаде семејната компанија „Бо...
Бојан Ковски за изложбата во која нацрта 16 голи тела: „Однапред ги спремам моделите за да нема неоч... „Времето потребно за сликање едно тело зависи од комплексноста на дизајнот. Обич...
Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвез... „Ми се јави Ристо Вртев од „Архангел“ и ми вели: „Роки, вистина ли загинал Тоше?...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Мира од Битола рачно изработува кукли: „Главна инспирација ми е внуката Луна“ „Првата кукла ја сошив пред да се роди мојата внука Луна - ја шиев на машина, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg