Марија Колев: „По породувањето дознав дека ќерка ми има Даунов синдром - испитувањата во бременоста не покажаа аномалии“

Колку често комуницирате со другите мајки што имаат деца со Даунов синдром? Колку ви значат таквите дружби?

Уна членува во здружението „Доза среќа“, но таму има поголеми дечиња кои секојдневно имаат обврски.

А бидејќи таа оди во градинка, нема многу време да оди во здружението нон-стоп.

Кога имаме прилика ја носиме и комуницираме со сите мајки кои споделуваат искуства, бидејќи тие веќе го имаат поминато истото.

Претседателката на здружението, Сузана, која исто така има дете со Даунов синдром, секогаш е достапна за каква било консултација.

Имам и други пријателки со кои токму дијагнозата на Уна нè има споено и ми значат многу.

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-02.jpg

Што би им порачале на мајките што се борат со деца кои имаат слични состојби?

Нашите деца не се казна, туку дар од Бога. Колку побрзо го прифатите тоа и му се посветите на своето дете, толку побрзо ќе почнете да ги совладувате препреките.

Децата со посебни потреби се деца кои само имаат посебни побарувања.

Со мојот сопруг, кој ја сака Уна најмногу на свет (таа му е слабост и светла точка), но и кој е моја најголема поддршка и со мене од првиот момент, заедно надминуваме сè.

Тој гледа да ѝ ги исполни сите желби на неговата посебна љубов, а ние сфаќаме дека со секој нејзин успех освојуваме златни медали.

Да, на овие деца им треба малку повеќе посветеност, упорност но сето тоа вродува со плод.

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-04.jpg

Ние само рушиме бариери и докажуваме дека во медицината 2+2 не се 4 и дека со труд, работа и посветеност и овие деца можат да одат во „нормални“ градинки, да израстат во нормални деца, да се самостојни, да говорат и да пеат.

Радувајте се на децата без разлика дали се со синдром или не, сакајте ги и гордејте се со нив.

Јас се водам од тезата дека еден хромозом плус е само љубов плус.

Овие деца гушкаат, бацуваат и без потреба и без услов и без да им купиш нешто.

Ти само седиш и доаѓа некој до тебе, а ти добиваш гушка и бакнеж – тоа е најголем благослов.

Повеќе фотографии од Уна и семејството Колев:

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-10.jpg

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-37.jpg

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-36.jpg

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-35.jpg

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-32.jpg

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-31.jpg

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-30.jpg

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-29.jpg

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-28.jpg

marija-kolev-po-poroduvanjeto-doznav-deka-kjerka-mi-ima-daunov-sindrom-ispituvanjata-vo-bremenosta-ne-pokazhaa-anomalii-27.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg