Филип и Ивона, наш инфлуенсерски пар со впечатлив моден стил: „Обожаваме кежуал стил и фотографија“

„Двајцата сме љубители на тој некој убав кежуал стил, кој се издвојува и е уникатен. Дури сакаме и исти бои во модните комбинации, што можеби е и реткост кај многу парови“, вели Филип Петровски за CRNOBELO.com.

filip-i-ivona-nash-influenserski-par-so-vpechatliv-moden-stil-obozhavame-kezhual-stil-i-fotografija-01.jpg

Филип Петровски со потекло од Крива Паланка и Куманово и неговата партнерка Ивона Јованова од Свети Николе, живеат и работат во Скопје, а хоби им е инфлуенсерство.

Филип веќе 3 години, додека Ивона една, односно откако се запознале и виделе дека тоа ги исполнува двајцата.

Ивона е студент на стоматологија, а Филип работи во продавница со накит која им е исто така дел од соработниците што ги имаат на Инстаграм.

За нивниот моден стил и љубовта кон фотографијата, Филип открива за CRNOBELO.com:

„Двајцата сме љубители на тој некој убав кежуал стил, стил кој може да се издвои од секојдневието и да е уникатно.

filip-i-ivona-nash-influenserski-par-so-vpechatliv-moden-stil-obozhavame-kezhual-stil-i-fotografija-07.jpg

Можеби повеќе посветуваме време на уникатност од некоја уметничка перспектива, која јас како лик кој се занимава цело време со уметност ја ценам.

filip-i-ivona-nash-influenserski-par-so-vpechatliv-moden-stil-obozhavame-kezhual-stil-i-fotografija-09.jpg

Со Ивона првпат кога сликавме, јас ја сликав и ми беше одлична за пред објектив и така и ѝ реков: „Ти не само девојка, него и модел со мене ќе бидеш“.

filip-i-ivona-nash-influenserski-par-so-vpechatliv-moden-stil-obozhavame-kezhual-stil-i-fotografija-10.jpg

Од тогаш наваму работиме на нас, работиме на студиите пред сè што Ивона ги има, бидејќи сите знаеме колку е тежок Стоматолошкиот факултет, а после работиме на сè друго и даваме максимум за сè што ќе го сработиме да биде онака како што треба.

filip-i-ivona-nash-influenserski-par-so-vpechatliv-moden-stil-obozhavame-kezhual-stil-i-fotografija-06.jpg

Двајцата знаеме да испозираме кога се фотографираме баш онака како треба и да си го одржиме тој некој наш стил на фотографија.

filip-i-ivona-nash-influenserski-par-so-vpechatliv-moden-stil-obozhavame-kezhual-stil-i-fotografija-02.jpg

Сакаме street фотографија, обожаваме портрет фотки и сакаме да излеземе да уживаме во денот и да сликаме и снимаме, искрено си го сакаме времето заедно и се сложуваме, особено кога е во прашање усогласување на тоа како би биле облечени.

filip-i-ivona-nash-influenserski-par-so-vpechatliv-moden-stil-obozhavame-kezhual-stil-i-fotografija-11.jpg

Дури сакаме и исти бои што можеби е и реткост кај многу парови, единствено јас можеби се двојам во поглед на тоа што ја сум нешто накај „Dark aesthetic“ стил (сакам потемни тонови), додека Ивона е повеќе околу светлите тонови, кои супер ѝ стојат.

filip-i-ivona-nash-influenserski-par-so-vpechatliv-moden-stil-obozhavame-kezhual-stil-i-fotografija-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филип Тодоровски, пилот во Wizz Air: „Капетанот ја има најголемата одговорност за безбедноста на ави... „Поради неможност, пред сè поради финансиски причини, да го продолжам образовани...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашат... „Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg