Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“

А која е најлошата?

Вака... повеќето луѓе кога имаат лош ден можат да останат дома, да прележат, никој да не ги види, и веќе следниот ден да продолжат да функционираат нормално.

Јас го немам тоа. Не можам да си го дозволам тој луксуз ако ми е лошо, три дена да седам дома.

Мене и кога ми е лош периодот, јас можам само 15-20 минути да се тргнам на страна, а ако ми пријде некој, мора да ставам насмевка на лицето, да заборавам на својата болка и тој што ми пришол да не знае дека мене не ми е добро. Шоуто мора да оди понатаму...

Освен што имате плодна музичка кариера, запловивте и во актерските води во серијата „Певачица“... Дали би глумеле пак, ако ви се укаже можност за тоа? И, дали се забавувавте додека снимавте?

За мене е голема чест и задоволство, што еден толку признат режисер, Гаге Антонијевиќ, прво ме покани на кастинг, а потоа ми даде толку голема доверба, како на аматер во глумата, да ја играм главната улога.

Дури и за некои професионални глумци ова останува само сон, а ете, на мене ми се случи да го доживеам тоа, да бидам пред камерите... Се надевам дека се снајдов добро.

Јас сум тимски играч и влегов на нивен терен, но постојано слушав, потпрашував, ме интересираше сè, за да знам како да се поставам, како да се подобрам, како да придонесам за проектот, да вложам дел од себе, од својот шарм, харизмата.

Кога заврши прикажувањето на првата сезона (зашто се сними и втора), и кога ги видов тие рекордни бројки на гледаност, ми беше мило, зашто мислев дека сум завршила добра работа и дека мојата приказна се завршува тука.

Втората потврда за добрата работа ми беше кога со Милош Тимотијевиќ, кој ја глуми главната машка улога, добивме награда на регионално ниво.

Но, потоа друга телевизија ја откупи серијата, а сега и трета телевизија го направи тоа, така што очигледно публиката сака да ја гледа, а за мене тоа е потврда дека навистина завршивме одлична работа.

А дали би пробала пак? Пааа, еден голем режисер е заинтересиран да ме ангажира за неговиот следен проект, овој пат за филм.

Но, со него само испив кафе, ми кажа која е идејата и не знам дали би се впуштила пак во сличен проект. Кога ја снимавме „Певачица“ имав време, беше ковид, а ние пејачите не пеевме.

Но, пеењето ми е примарна професија, и не знам дали би имала време целосно да се посветам на снимањето филм, иако станува збор за еден од нашите најдобри режисери, кој е познат и регионално.

milica-pavlovikj-za-crnobelo-nemam-emotiven-partner-mozhebi-makedonec-mi-e-sudbina-02_copy.jpg

Во Скопје сте неколку дена... Освен работните обврски, се прошетавте ли малку?

Леле, не успеав, врнеше цело време.

Но, кога пеев во Скопје минатиот пат, го натерав шефот на својот бенд, да дојде со мене да се прошетаме.

Седевме во центарот, пиевме кафенце, пиевме и некое добро вино. Јас многу го сакам Скопје и мислам дека е тоа затоа што доаѓам од југот на Србија, имам чувство дека, некако, ве познавам во душата.

Можеби би требала да доаѓаш почесто...

Па, да, можеби. Можеби ми е Македонец судбината. Македонци, разбудете се. Што е со вас? Па гледате дека можам да се носам со вашиот карактер и темперамент.

Што македонско ви се допаѓа најмногу?

Музиката... темпераментот... тоа ваше чувство за мерак и тоа што сте слични по карактерот како ние од југот на Србија.

Ви треба малку за да бидете среќни.

Како ја одржувате линијата?

Никако! Пропалица сум прва класа. Јас сум срамота за мојата нутриционистка, која ме води сите овие години.

Ако пробам да ја доведам фигурата до совршенство, тоа ми оди лесно од рака.

Изгледам како да тренирам, а не вежбам, но, ми се исцртуваат стомачните.

А од друга страна кога ќе доживеам голем стрес, како што е концерт, нов проект, јас буквално сакам само слатко, чоколади, колачи.

Е, тогаш сум во состојба да не ѝ пријдам на нормалната храна, ме интересира само шеќер и за 10 дена можам да качам и 7-8kg.

Немам добар метаболизам, но и не сум опседната со изгледот преку целата година, туку кампањски, по потреба, работам на себе и затоа имам осцилации.

milica-pavlovikj-za-crnobelo-nemam-emotiven-partner-mozhebi-makedonec-mi-e-sudbina-09.jpg

Вие сте пораснале покрај баба ви и дедо ви... Кој е најважниот совет што го добивте од нив и од кој никогаш не отстапувате?

Да не лажам никогаш, да не крадам, да сум чесна, да сум вредна, да не се срамам од тоа од каде потекнувам, да не се срамам што сум дете на разведени родители и што пораснав со баба и дедо, да не се срамам од своите пријатели и да ги следам своите соништа.

Тие многу веруваа дека јас пеам добро, и дека народот треба да го слушне тоа и да знае за нивната внука Милица.

Да не беа тие, мислам дека немаше да сум толку решителна во сето ова. Нивните крилја ми беа нешто најубаво во животот.

Јас таква поддршка каква што имав од нив двајца, денес немам ни од родениот татко.

Тие беа мојата вселена, нешто што ми е наменето да го доживеам и преживеам во овој живот.

Имав среќа што ме растеа и воспитуваа такви луѓе.

Колку ви недостигаат сега кога ги нема? Дали ве фаќа тага кога ќе се сетите на нив или сепак преовладуваат убавите работи кои ви измамуваат насмевка?

Кога на концертите ја пеам „Срце породично“, многу се контролирам да не заплачам, секогаш сум на работ на солзите, што е и нормално.

Сè што знам за тоа некое добро воспитување, го знам поради нив.

Ми недостигаат, бидејќи се личностите кои за мене го дадоа најдоброто што можеле да го дадат.

И жалам што не можам да споделам нови работи, да им кажам дека успеав.

Тие пред крајот на својот живот видоа дека успеав, но сега постигнувам и нови, поголеми работи и тогаш ме облева тага.

Но, мислам дека ме гледаат, и знам дека се тука и дека ме чуваат.

Знам дека кога некои луѓе ќе си отидат од мојот живот, тие ги тргнале зашто не треба да се во мојот живот.

Тие се моите ангели чувари.

milica-pavlovikj-za-crnobelo-nemam-emotiven-partner-mozhebi-makedonec-mi-e-sudbina-05.jpg

Пред почетокот на интервјуто ми кажавте дека луѓе често доаѓаат пред вашата куќа во с. Буниброд, во која сте израснале за да ја фотографираат...

А, да, да. Најмногу доаѓаат до капијата, таа е најголема атракција во Буниброд.

Кога сум таму, доаѓаат и деца и возрасни, и тоа не само од моето или од околните села, туку и од Лесковац, Власотинце, Врање, Ниш.

Ако во real time објавам стори дека сум таму, а паѓам во искушение да го направам тоа кога ќе видам дека ми родила сливата или праската, или кога ќе видам дека ми расцутеле цвеќињата во дворот, верувај дека целата улица е полна од почеток до крај со луѓе.

Еднаш броевме, имаше околу 70-80 луѓе во еден момент и  постојано доаѓаа нови. Па, јас ги викам да влезат во двор, разговарам со нив, што имам дома вадам да ги послужам.

Некогаш им откривам ако треба да излезе нова песна и никогаш не ме издале ако кажам дека е уште тајна.

Се сеќавам, еднаш дојде семејство од Врање и ми рекоа: „Само се молевме да не е стара фотка, а ти да си веќе отидена во Белград“.

Ми донесоа домашен мед, саќе и прополис капки... Па има ли подобро од тоа? Мене во моето село ми е најубаво од секаде.

Кога ќе излезам од дворот, на левата страна, на парцелата на мојот прв сосед има еден огромен орев.

И знам да седнам таму, на една дрвена пенушка, да ги соберам паднатите ореви, да си ги кршам и да јадам.

И кога ќе ме видат така соседите, доаѓаат да седнат до мене, па некој носи ракија, ќе се размуабетиме, и баш ни е убаво.

И за крај, што ќе си посакате себеси во 2025-та?

Во следната година си посакувам еден одличен нов албум, кој толку емотивно ќе ме помести, кој ќе е поинаков и нешто ново во мојата музичка кутија, да не можам да спијам од возбуда пред да излезе.

Сакам сите околу мене да се живи и здрави и сакам успешно да заврши оваа концертна турнеја Лав, а кога ќе се сетам на неа да не знам дали да плачам од среќа или да се смеам од што беше убаво.

milica-pavlovikj-za-crnobelo-nemam-emotiven-partner-mozhebi-makedonec-mi-e-sudbina-04_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Никола Радишиќ



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg