Ема Ананиевска, пијанистка: „Го изгубив видот како бебе, свирам од 9 години“

Дали имаш свирено со хор или оркестар? Како се координирате и синхронизирате кога настапуваш со некој друг?

Сум била член на хор и сум свирела и свирам со различни музички состави.

Синхронизирањето не претставува никаков проблем бидејќи тоа се вежба.

Еве пример - бев дел од балетска претстава каде што свирев и не можев да знам каде треба да почнам со свирење бидејќи не ги гледам танчарите. 

Но, се договоривме како една од нив да ми даде знак кога треба да почнам.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-10_copy.jpg

Со ова сакам да ви кажам дека ако сте отворени за соработка, не постои никаква пречка.

А музиката, односно настапувањето како изведувач во колектив, мислам дека најсоодветно ја испраќа пораката дека сè е возможно и дека попреченоста е во погрешно поставените системски вредности, а не во физичките недостатоци кај луѓето.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-21.jpg

Кои се најголемите предизвици со коишто си се соочила или се соочуваш како личност со оштетен вид? Како ти изгледа секојдневието? Што би сакала да биде подобро?

Па, мислам дека Скопје е полн со предизвици и за луѓе што немаат попреченост во видот…

Најголем предизвик ми е тоа што не можам ни да замислам да излезам подалеку од пред зграда без асистенција.

Сите тротоари се зафатени со коли, немаме соодветно обележани пешачки премини, а и да ги има, знак прашање е дали колите ќе застанат за да ти дадат предност како пешак.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-18.jpg

Нема доволно звучни семафори, а и тие што ги има се погрешно синхронизирани.

Во автобусите, кои периодов воопшто и ги нема, немаат звучна сигнализација, односно не кажуваат која е наредна станица и ако таа опција ја имаат, во возилата шоферите одлучуваат дека нема потреба да ја вклучуваат, нема тактилни патеки.

И ова е само дел од многуте работи кои треба да се направат за елементарни услови за таа инклузија која сите ја посакуваме.

Не е ништо комплицирано, само треба некој од институциите да седне и да си ја сработи работата.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-19.jpg

Секојдневието ми е полно со предизвици, но мислам сепак дека ќе се променат работите со време. Би сакала луѓето да бидат поразумни и помалку да размислуваат само за себе.

Голем дел од работите што ги наведов погоре, што се за мене и многу други луѓе клучни за функционирање, можат да се променат само ако возачите престанат да се паркираат каде што ќе им текне.

Сите овие работи во развиениот свет функционираат, па доколку нашите надлежни органи не знаат како да го направат нашиот град пристапен, имаат соодветни примери во пракса, кои со меѓусебна соработка можат да ги реализираат и кај нас.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-05.jpg

Кои се најчестите стереотипи и погрешни верувања за лицата со оштетен вид? Дали си се соочила со некаква дискриминација?

Па, мене искрено најсмешно ми е верувањето на луѓето дека лицата со оштетен вид имаат шесто сетило.

Сметам дека тоа не е точно, едноставно се потпираме на слухот затоа што визуелна перцепција во нашите мозоци не постои, па така се спознаваме преку слух и допир за разлика од останатите што претежно се концентрирани на она што го гледаат.

Сум имала разни ситуации каде што сум се чувствувала дискриминирана, но мислам дека ме направиле баш тие искуства многу појака и стабилна личност.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-08.jpg

Каде сè имаш настапувано досега и кој концерт ти оставил најголем впечаток? Каде би сакала да настапуваш во иднина и со кого?

Сум имала многу концерти и настапи кои ми се многу значајни, но еве би ги издвоила следниве - настапот во Москва во втора година средно.

Тоа ми беше прво излегување надвор од Македонија како пијанист и ми беше прекрасно искуство.

Потоа, 3-те концерти на филмска музика кои како студенти самостојно со група колеги ги организиравме на Факултетот за драмски уметности и уште многу други.

Имам проекти за во иднина кои многу би сакала да успеам да ги реализирам кои вклучуваат и разни соработки, но не би сакала да откривам ништо предвреме.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-09.jpg

Дали знаеш да свириш и друг инструмент или можеби сакаш да научиш во иднина? Имаш ли други хобија покрај музиката?

Имав некои мали обиди како дете да свирам флејта, но искрено не бев доволно упорна, а многу сакав како дете да свирам и гитара, но не научив.

Можеби ќе научам еден ден.

Многу сакам планинарење и возење велосипед, иако морам да признаам дека во последно време некако тешко се терам за нешто од овие активности.

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg