Павле Камилоски за татковството: „Уживам да му пеам на синот, а тој ми враќа со неговото насмеано гугање“

„Кога ѝ предложив на Ирина синот да се вика Јосиф, без размислување се согласи. Во мојата фамилија името Јосиф се пренесува веќе четири генерации од колено на колено и јас сакав да ја задржам таа наша семејна традиција“, вели Павле Камилоски за татковството.

pavle-kamiloski-za-tatkovstvoto-uzhivam-da-mu-peam-na-sinot-a-toj-mi-vrakja-so-negovoto-nasmeano-guganje-01.jpg

Пред 15 месеци пејачот Павле Камилоски стана татко - во јуни 2023 се роди синот Јосиф, кој го доби со алпинистката Ирина Камилоска.

Во моментов парот го очекува своето второ дете, за кое неодамна открија дека ќе биде девојче.

Во пресрет на раѓањето на второто бебе, со Павле разговаравме за синот, за предизвиците со кои се соочил по раѓањето на Јосиф, за времето кое го поминуваат заедно, но и што му е најубаво и најстресно откако стана татко.

pavle-kamiloski-za-tatkovstvoto-uzhivam-da-mu-peam-na-sinot-a-toj-mi-vrakja-so-negovoto-nasmeano-guganje-14.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, Павле Камилоски раскажа за татковството:

Се сеќаваш ли на моментот кога првпат го виде синот, какво беше чувството?

Ох, секако, тоа е момент кој ќе остане врежан во моето срце. А, тоа е така затоа што почувствував наплив на измешани емоции: страв, возбуда, неизмерна љубов и неизмерна среќа.

Немир и спокој истовремено. Незаборавно чувство.

Бидејќи Ирина се породуваше во Државна болница, дали постоеше можност да бидеш со неа на породувањето или воопшто не размислуваше за тоа да си во породилната сала?

И покрај тоа што имав огромна желба да присуствувам на раѓањето на Јосиф, за жал, безбедносните правилата кои ги има Државната болница не го овозможуваат тоа.

Имаше ли стравови пред да се роди, и ако да, кои беа тие?

Сигурен сум дека секој родител чувствува страв од предизвиците кои доаѓаат и како ќе се справиме со истите.

Но, со раѓањето на Јосиф, работите сами си добија свој тек, секојдневните активности природно ни се прилагодија на неговите потреби и таа промена додаде огромна смисла на нашите животи.

pavle-kamiloski-za-tatkovstvoto-uzhivam-da-mu-peam-na-sinot-a-toj-mi-vrakja-so-negovoto-nasmeano-guganje-02.jpg

Освен што често му пееш на Јосиф, колку и во што ѝ помагаше на Ирина - дали си го избањал, менувал пелени, си станувал ноќе да го нахраниш?

Апсолутно. Обврските околу потребите на детето треба да бидат еднакво поделени помеѓу родителите, бидејќи само на тој начин и двајцата ќе развиеме рутина која ќе ни овозможи да бидеме вклучени во секоја фаза од развојот на нашиот син.

Како го минувате времето ти и Јосиф кога сте сами? Што му е најзабавно?

Во пеење. Јас навистина уживам да му пеам на мојот син, а тој да ми враќа со неговото насмеано гугање.

Омилена играчка му е неговото детско пијано и тоа мене особено ми носи посебна радост.

Непроценливи се миговите кога сме сами, тоа се мигови кои ми ја мекнеат душава и ми го полнат срцето.

pavle-kamiloski-za-tatkovstvoto-uzhivam-da-mu-peam-na-sinot-a-toj-mi-vrakja-so-negovoto-nasmeano-guganje-13.jpg

Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на Јосиф? Или сепак повеќе влече накај Ирина?

Мислам дека е мал за да давам процена и одлик на неговиот карактер, но на моменти ме потсетува на мојот татко чие што име и го носи.

Сепак би кажал дека си е на некој начин своја индивидуа и се наоѓаме во период кога полека почнува ги покажува своите лични карактерни особини.

А на кого личи повеќе физички?

Иако на прв поглед стекнуваме впечаток дека личи на Ирина, мислам дека ја има мојата насмевка и поглед.

Од неговото раѓање па до сега има големи промени во изгледот, а во иднина ќе видиме како ќе се оформи неговиот физикус.

Но, јас знам дека на кого и да личи, ќе биде многу шармантен.

pavle-kamiloski-za-tatkovstvoto-uzhivam-da-mu-peam-na-sinot-a-toj-mi-vrakja-so-negovoto-nasmeano-guganje-04.jpg

Зошто избравте да го крстите по твојот татко? Чија идеја беше името?

Првичниот момент кога ѝ предложив на Ирина, таа без размислување се согласи за името на нашето прво дете, за што сум ѝ многу благодарен.

Сепак во мојата фамилија, името кое го носи мојот Јосиф, се пренесува веќе четири генерации од колено на колено и јас сакав да ја задржам таа наша семејна традиција.

Независно од традицијата, самото име Јосиф и на двајцата многу ни се допаѓа.

Дали, сега кога знаете дека чекате девојче, веќе имате (или разговарате) за име за ќерката?

Секако. Интересно е што уште пред да стапиме во брак, Ирина и јас обожававме да зборуваме на тема фамилија и деца, имиња на нашите деца, и да фантазираме во смеа за предизвиците кои ќе ни претстојат.

Оттогаш си знаеме како ќе ни се викаат децата ако бидат машки или женски, а по кој редослед ќе си ги добијат нивните имиња, тоа е само во универзумот напишано.

pavle-kamiloski-za-tatkovstvoto-uzhivam-da-mu-peam-na-sinot-a-toj-mi-vrakja-so-negovoto-nasmeano-guganje-09.jpg

Дали си возбуден што второто дете ќе биде женско?

Јас бев превозбуден уште во првиот миг кога дознав дека ќе имаме второ дете, од самата помисла дека нашето семејство ќе добие поубава димензија, и фактот дека универзумот ми го остварува она кое отсекогаш сум го посакувал за себе.

Мигот кога дознавме дека второто дете ни е женско, не останавме рамнодушни на емоциите ниту јас, ниту Ирина.

Досега, која ти е најубава, а која ти е најстресна работа поврзана со татковството?

Ох, нема најубава работа. Најубавата работа е самото татковство.

Секој ден ни се случува по некоја прекрасна работа која ни ја открива Јосиф, сите мигови од неговиот развој се посебни на свој начин.

Најголем стрес, се разбира дека ни причинува кога ќе се закашла, или кога за прв пат качи температура, дијареја, итн.

Градењето на имунитетот кај децата е фаза која верувам за сите родители е стрес.

pavle-kamiloski-za-tatkovstvoto-uzhivam-da-mu-peam-na-sinot-a-toj-mi-vrakja-so-negovoto-nasmeano-guganje-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg