Маја Кикириткова за родниот град: „Во Штип како дете по цел ден бев надвор со сендвичот, а најмногу го сакам Исарот“
Во Штип најмногу го сакам Исарот. До ден денес кога ќе се вратам знам да се качам на таа тврдина и да наполнам батерии. Па, и со причина е наречен „Градот под Исарот“.
Но и тој е сменет. Порано се качувавме по карпи, за да стигнеме до највисоката точка, сега се направени скали, што мене искрено воопшто не ми е автентично за Исарот.
Има една традиција во Штип, поврзана со Исарот.
На првиот ден на пролетта, сите се качуваат и фрлаат 39 каменчиња, а 40-тото се зема и се става под перница. Легендата вели дека ако го направиш ова, ќе го сонуваш твојот животен сопатник.
Сега, Штип е центар на источна Македонија, многу поразличен од тоа што бил некогаш.
Со отворањето на Универзитетот Гоце Делчев, градот е преполн со многу луѓе што е добро за економијата, но духот на мојот Штип е изменет“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело