Филип Поповски беше делегат на ЕП 2024: „Ги запознав принцот Вилијам и Рајан Рејнолдс, снема пиво на отворањето во Минхен“

„Рајан Рејнолдс е фантастичен лик. На еден од натпреварите со Хју Џекмен правеа видео за промоција нивниот филм Deadpool & Wolverine. На полувремето, бидејќи седевме заедно, разговаравме за Wrexham A.F.C., фудбалскиот клуб од Велс кој е во негова сопственост“, вели за CRNOBELO.com Филип Поповски, кој беше во Берлин како делегат на ЕП 2024.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-vo-berlin-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-najglacni-navivachi-se-shkotite-01.jpg

Филип Поповски (45) од Скопје, долги години е вработен во Фудбалска федерација на Македонија, а во моментов работи во одделот за маркетинг и комуникации.

Но, овој скопјанец неодамна се врати од Берлин, каде што беше делегат поставен од УЕФА на дури 6 натпревари на ЕП2024, вклучувајќи го и финалето меѓу Шпанија и Англија.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-snema-pivo-na-otvoranjeto-vo-minhen-02.jpg

Филип помина 1 месец во Берлин, период во кој, освен за фудбалот, имаше време и за дружење со фудбалските фанови, со нашинците што живеат таму, но и за своето хоби - трчањето, кое го однесе во различни делови од градот.

Таму се запознал и со принцот Вилијам, кога тој бил да ги посети англиските фудбалери во соблекувалната на Олимпискиот стадион, а на еден натпревар седел до холивудскиот актер Рајан Рејнолдс, па се изнамуабетиле за фудбалот.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-snema-pivo-na-otvoranjeto-vo-minhen-08.jpg

За своето искуство на Европското првенство, што значи функцијата „делегат на натпревар“, кои фанови се најгласни, а кои најпроблематични, Филип ни раскажа во интервјуто:

Ти помина одредено време во Берлин, каде што беше делегат на неколку натпревари, но и во финалето. Која е функцијата на делегатот, односно твојата работа?

Да, поминав некое време таму затоа што бев делегат на сите натпревари што се играа на Олимпискиот стадион во Берлин.

Тоа беа вкупно шест натпревари, вклучувајќи го и финалето, но и натпреварите Шпанија - Хрватска, Полска - Австрија, Австрија - Холандија, Швајцарија - Италија, Турција - Холандија и Шпанија - Англија.

Делегатот е назначен од УЕФА за секој натпревар.

Тој е одговорен за да се осигура дека организацијата на натпреварот е во согласност со правилата и правилниците на соодветното натпреварување, особено во спортскиот дел, како и безбедносно и сигурносно внатре и надвор од стадионот, за време и по завршување на натпреварот.

Делегатот е всушност висок претставник на УЕФА, во однос на останатите од тимот, и го има целосниот авторитет за сите аспекти од организацијата на натпреварот.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-snema-pivo-na-otvoranjeto-vo-minhen-06.jpg

По кој критериум се избираат делегатите и што треба да има во твојот бекграунд за да добиеш ваква чест?

Делегатите се со мандат од две години, со право на реизбор по претходна номинација од матичната федерација, во мојот случај од Фудбалската федерација на Македонија.

Затоа сакам да им се заблагодарам на претседателот и Управниот одбор, како и на колегите, но секако и на семејството, за поддршката што ми ја даваат да ја претставувам најпрофесионално нашата организација и земја при вакви големи натпреварувања.

Во делот на искуството, мора да имате одлично познавање на минимум еден од јазиците кои се официјални на УЕФА, како и искуство во организацијата на фудбалски натпревари, но и познавање на правилата и регулативите врзани со нив.

Во минатиот период, откога работам во ФФМ, јас бев вклучен во организација на натпреварите на нашите репрезентации, но имам и 13-годишно искуство како организациски директор на УЕФА на натпреварите од Лигата на шампиони и останатите клупски натпреварувања.

Последните три сезони во Лигата на шампионите бев организациски директор на сите натпревари на AC Milan што се играа на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, и тоа на значајни мечеви за италијанскиот гигант, со Atletico Madrid, Porto, Dinamo, Tottenham, Manchester United, како и на полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу AC Milan и Inter, или таканареченото Derby della Madonnina.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-snema-pivo-na-otvoranjeto-vo-minhen-26.jpg

Што ти остави најголем впечаток на финалето?

Начинот на тоа колку една држава е спремна да се вложи за да организира настан од овој тип.

Десет градови, десет посебни тимови, локални власти, транспорт, безбедност и полиција, угостителски капацитети, забава и фан зони итн.

Не се ни сомневав дека Германија тоа ќе го направи токму така, и ќе знае да ги валоризира сите аспекти од добиената организација на Европското првенство.

Милионите фанови кои беа присутни физички низ Германија, како и оние пред ТВ екраните, го гледаа сето тоа што се нарекува фудбалски празник во Европа, а и светот.

Можам да кажам дека сè друго беше запрено еден месец, а очите на јавноста беа вперени во фудбалските натпревари.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-snema-pivo-na-otvoranjeto-vo-minhen-05.jpg

Споредено со финалето на СП 2022 и на претходното ЕП, кога првпат и Македонија настапи на едно Еуро, дали финалниот натпревар, но и забавниот дел, ги исполнија очекувањата на публиката?

Секое Светско и Европско првенство си носи свои новини. Следејќи ги трендовите, тука се обидуваа да направат забава на највисоко можно ниво.

Сепак, европскиот модел на спорт е насочен кон фудбалот и самата игра. Тука фановите со нетрпение го очекуваат свирежот на судијата за почеток на натпреварот и сакаат да гледаат одличен натпревар.

За разлика од кај нас, американскиот модел на спорт се заснова на шоу-бизнис и голем акцент се става на тој аспект на задоволство на фановите, како што е на пример Супер Боулот.

Поради конкретниот и строг временски распоред кој го имаме на располагање кон телевизиите за почеток на натпреварот, мораме да се држиме до него и да имаме минимум време за одредени настапи.

За мене, секоја церемонија за отворање и затворање на Првенството е убава на свој начин. Секако, не подобра од нашата која се случи на Супер купот во 2017 година, кој го имавме кај нас во Скопје.

На овој финален натпревар за првпат беше направена и интеракција со самите фанови на стадионот, кои држеа картончиња во боја, отсликувајќи го логото на првенството во одреден дел од церемонијата, правење sвездено небо со мобилните телефони и многу други работи. Ова беше прекрасно да се види и почувствува.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-snema-pivo-na-otvoranjeto-vo-minhen-13.JPG

Каква беше атмосферата на стадионот? Дали можеби имаше можност да го запознаеш принцот Вилијам?

Атмосферата беше одлична, имајќи предвид дека една од репрезентациите беше Англија, која сама по себе носи многу фанови.

Огромен број од нив беа дојдени дури и да немаа билети, па правеа одлична атмосфера низ сите градови.

Вратите беа отворени 3 часа пред почетокот на натпреварот и уште првиот час веќе имавме 30.000 луѓе внатре на стадионот кои пееја и уживаа во музиката за која беше задолжен диџеј и аниматор.

Во оној ВИП дел беа присутни многу гости, меѓу кои и принцот Вилијам, секако. Тој беше присутен заедно со својот син, затоа што Вилијам е и почесен претседател на англиската федерација.

По натпреварот се симна во соблекувалните да ги поздрави репрезентативците и во тој момент имав можност да се запознаам со него.

Освен него, на натпреварите беа присутни, покрај фудбалските легенди и sвезди, и многу други познати лица.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-snema-pivo-na-otvoranjeto-vo-minhen-38.JPG

Како искуство би ги издвоил следните моменти: на еден од натпреварите беше направено видео и промоција од страна на Хју Џекмен и Рајан Рејнолдс за нивниот нов филм Deadpool & Wolverine, а нивен гостин беше и Рами Малек.

За време на полувремето, поради тоа што седевме заедно, имав можност да поразговарам за проектот Wrexham A.F.C., фудбалскиот клуб од Велс кој е во сопственост на Рајан Рејнолдс, и за нивната турнеја низ Америка ова лето. Фантастичен лик.

На финалниот натпревар, заедно со Medusa, диџеите кои се дел од химната направена за Европското првенство, разговарав за нивните впечатоци од првенството и фудбалот, а тие беа воодушевени од тоа што го гледаат и ме поканија на некоја забава од нивните резиденции кои се случуваат во клубот High на Ибица.

Морам да споменам дека имав можност да се дружам и со нашите познати архитекти Александар Крстевски и неговата сопруга Зорица Дрвошанова, кои веќе некое време живеат и работат во Берлин, како и да се дружиме и протрчаме низ Берлин со нашиот најдобар македонски фудбалски судија, Ивана Пројковска.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-snema-pivo-na-otvoranjeto-vo-minhen-04.jpg

Како изгледаше животот во Берлин изминативе 30 дена? Раскажи ми поопширно околу атмосферата во градот, фановите, пабовите, фан зоните...

Во Берлин и на Олимпискиот стадион не сум првпат. Имав можност да бидам на стадионот и за време на финалето од Лигата на шампиони во 2015 година, но и да го трчам полумаратонот во Берлин пред 2 години.

Доста места знаев од претходно, па ми беше полесно да се снаоѓам за време на мојот престој сега.

Ова е многу жив и динамичен град, изобилува со разноличности во култура, начинот на живеење, уникатен е на свој начин.

Како Берлин нема друг град во светот. Берлин е градот на техното.

Имав можност и да се запознаам и да отидам на забава кај D-r Mote, еден од основачите на популарната Love Рarade, голем рејверски настан кој се одржуваше секое лето во центарот на Берлин.

filip-popovski-beshe-delegat-na-ep-2024-gi-zapoznav-princot-vilijam-i-rajan-rejnolds-snema-pivo-na-otvoranjeto-vo-minhen-28.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg