Мира од Битола рачно изработува кукли: „Главна инспирација ми е внуката Луна“
За која возраст се наменети? Кои се ваши најчести клиенти?
Доколку треба да одговорам лично за мене иако имам 50 години понекогаш имам желба и јас да седнам да поиграм или да земам мече за спиење со мене.
Со оглед на тоа дека работиме со природни материјали куклите се наменети од 0 месеци до 100 години. 😊
Моментално најчести клиенти ни се мајките и помладата генерација која купува подарок за другарка која има бебенце или внук/внука.
Кој ви помага околу изработките и продажбата?
Изработката на куклите е целосно моја, а менаџирањето на профилот, сликите и сè останато во врска со социјалните мрежи е препуштено во рацете на мојата ќерка.
Од каде идејата за името Lunas Dolls?
Со оглед на тоа дека првата кукла настана кога се роди мојата внука и таа е впрочем главниот мотиватор во цела оваа приказна сметам дека и онлајн страната заслужува да го носи нејзиното име Луна.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
E. П. | Црнобело