Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги глумам“

„На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам сестра, Ружица, и јас 9 месеци низ стомакот ѝ се обраќав на Ружица, ѝ ветував дека ќе ја чувам. И одеднаш тие донесоа некојси ќелав Драган. Многу се разочарав и кога останав сам со бебето, со виолетов фломастер му нацртав коса, шишки преку очите, долги кадрици преку пола грб“, раскажува Иван Босиљчиќ за CRNOBELO.com.

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-01_1_copy_copy.jpg

Иван Босиљчиќ, миленикот на женската публика, „ранетиот орел“ од романите на Мир-Јам и човекот кој е подеднакво талентиран и за глума и за песна, на 9 март ќе настапи во Националната опера и балет во Скопје, со проектот кој е спој од музика и поезија, насловен „Наша вечер“.

Иван ќе ве плени уште на првото „здраво“, кога ќе се насмее и ќе ви ја испружи раката за да се поздравите. И приватно е харизматичен, исто како кога го гледате на телевизија. Можеби и за нијанса повеќе, бидејќи со насмевка, непосредност и без нималку глума, зборува и за кариерата и за приватноста.

иван.jpg
Со Иван по интервјуто за CRNOBELO.com

За сопругата Јелена Томашевиќ неколкупати истакна дека е прекрасна. Вели, да не била таа, тој никогаш немало да научи да биде романтичен во реалноста, како ликовите што ги глуми во сериите.

За CRNOBELO.com тој зборуваше и за ќерката Нина на која е многу горд. Ни откри и дека конечно ги сфаќа луѓето кои кршат чаши во кафеани откако и самиот, понесен од песна, скршил две чаши без размислување.

А, тука се и забавните муабети како со фломастер му нацртал кадрици и шишки на брат му Драган кога се родил, бидејќи 9 месеци се спремал да добие сестра...

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-16.jpg

Што друго забавно ни раскажа Иван пред скопскиот концерт, прочитајте во интервјуто:

По 6 години се враќате во Скопје со проектот „Наша вечер“ во организација на Vibe продукција... Колку се смени концептот од 2018-та до денес? Што ново може да очекува публиката?

Концептот остана многу сличен. Ова е авторска вечер за рецитирање поезија од големи светски и домашни поети и музика која сите ја знаеме од филмовите, претставите, нашата традиционална музика. Но, целата претстава доби сосема нова боја.

На сцената ќе бидам со познати гитаристи од овие простори. Маестро Зоран Стојановиќ, наш професор по гитара, и композитор кој живеел три децении во Португалија и свирел со најголемите фадо-ѕвезди на денешницата, кога ѝ се придружи на екипата, предложи да се направи една фадо вечер.

На сцената сите сме во црно, гитаристите свират, јас сум тука меѓу нив. Малку фламенко, малку џипси, малку севдах. И одеднаш, сите песни што ги знаеме станаа нови, поогнени, пострасни.

Оваа програма му припаѓа на овој момент, кога човек треба со гради да се пробива низ ова сурово време. Нема многу место за романтиката и лагодноста што ги имавме пред десетина години.

Сега времето стана пожестоко, па и ние од сцената напаѓаме малку посилно.

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-05.jpg

Како реагира публиката на овие концерти, бидејќи верувам дека некој што дошол да ве гледа еднаш, дошол и вторпат...

Публиката ги завршува нашите настапи станата на нозе, што не е специфично за во театар. Ние имаме своја постојана публика, но се враќаме и по неколкупати на истите сцени.

Што се однесува до Македонија, пред две години имавме божествен настап на Охридско лето, а лани во Битола беше - милина.

Па, затоа беше логично следно да дојдеме во Скопје, бидејќи и во Скопје имавме извонредни средби со публиката.

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-14.jpg

Се сеќавам дека по скопскиот концерт во 2018-та имаше толку многу луѓе, што некои чекаа повеќе од еден час за да дојдат на ред и да се сликаат со вас. Дали се случува истото и кога ќе излезете да се прошетате низ регионот? Кога последен пат сте седнале на кафе или на ручек, а некој да не ви пријде?

Мене сето тоа ми носи радост. Кога некој од колегите ќе ми рече: „Ма не можам веќе, доста ми е стварно, не можам да се сликам со народот, да разговарам“, им велам: „А дали би сакале да е спротивното? Секој што проаѓа да ве гледа попреку, да ви дофрла нешто лошо зашто не ве сака?“

И тогаш се свестуваат малку и сфаќаат дека ова навистина носи радост и дека секоја средба со публиката е убава.

Ми се случува кога доцнам на претстава или на некое снимање во Белград, а некој ќе ме застане на улица, да му речам: „Завршувам за два часа, ајде да се најдеме на плоштад потоа и ќе завршиме“.

И има луѓе кои ќе се појават. Ќе си завршат што имаат во тие два часа и ќе дојдат. Има и народот разбирање, не е секогаш дека по секоја цена мора во тој момент да се фотографираме.

Но, секогаш, секогаш треба да ги толкуваме овие моменти позитивно.

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg