Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги глумам“

А, ви се случува ли кога ќе седнете во кафеана каде што има жива музика, музичарите да ве натераат да пеете?

Се случува, ама бидејќи излегувам со сопругата, тогаш се знае кој ќе избрилира. Јас само кревам раце и кршам чаши.

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-10.jpg

На која песна кршите чаши?

Не кршам чаши. Добро, еднаш се случи да скршам чаша. Долго не разбирав зошто луѓето кршат чинии и чаши и како некој може да изгуби контрола.

И тогаш ми пријде еден хармоникаш и почна да ја свири севдалинката „Ne klepeći nanulama“. И толку убаво свиреше, што само фатив две чаши и ги скршив. Не размислував ни за срчи ни за ништо.

Оттогаш престанав да зборувам против луѓето кои кршат чаши кога ќе ги погоди песната, зашто сфатив дека тоа е посилно од нив.

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-08_copy.jpg

А која македонска песна ви е омилена?

„Ако одам во Битола“, „Шеќерна“, „Македонско девојче“, „Бор садила мома Евгенија“, знам многу песни.

Ја сакам музиката од Калиопи, Елена Ристеска, Влатко Лозаноски и, секако, апсолутно - Тоше Проески, благодарение на кого го научив албумот „Божилак“ и сите изворни македонски песни.

Да не ја заборавам и Каролина Гочева. Многу ѝ е добар албумот „Извор“, волшебен е. Тука има да се бираат песни и душата да се насити.

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-15.jpg

На 29 февруари е закажана премиерата на вашиот нов филм „Јорговани“ со Слобода Миќаловиќ... Вие двајца важите за еден од омилените филмски парови откако глумевте заедно во „Ранетиот орел“. Како беше да се глуми повторно со неа?

Боба и јас игравме долго заедно во претставата „Чикаго“, а се сретнувавме и во Југословенски драмски театар. Сега сме првпат заедно на филмското платно по „Ранетиот орел“. Необично е.

Публиката сега очекува дека тоа ќе биде некоја романтична, лесна љубовна приказна за сите од 7 до 77, но во овој извонреден филм се зборува за другата страна на нашата професија и ќе биде горчлива пилула за секој.

Филмот е по малку и шокантен, комедија полна со црн хумор, и ќе има работи што не се својствени за Слобода и за мене, но мислам дека ни тоа не е лошо.

Не е ни лошо народот да ја види другата страна на нашата професија. Филмот зборува за глумечки пар кој добива награда за најпопуларна серија.

И во моментот додека сите ги величаат, тие поминуваат низ голема брачна криза. Тие се на работ да се разведат, а продукцијата го крие тоа за да не дознае публиката.

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-12.jpg

Што ве исполнува повеќе - кога пеете пред публиката или кога глумите во театар (и повторно сте пред публика во живо)?

Кај мене сето тоа оди во круг. Некогаш толку многу сакам да снимам, што не можам да се изнаснимам. А потоа ми фали театарот за малку да ме окрепи.

Имам многу претстави во белградскиот театар, но тие се големи и комплицирани за патувања и гостувања надвор, па никаде никогаш не ги поставувавме.

Е, затоа ја направив својата претстава „Наша вечер“, за да се среќавам со луѓето. И целата поезија, музика, сè е правено за моето срце и по мој вкус. А се испостави дека е и по вкусот на публиката.

Некој би рекол дека ова е хоби, можност да си направам оддишка од работата, но за мене тие средби се лековити, ме окрепуваат.

Јас сум актер кој веќе има кариера од 20 години зад себе и некако во претставата сè се спојува.

Иако за некого делува како некоја споредна работа, мене ми е всушност, централна.

ivan-bosiljchikj-za-crnobelo-jelena-me-nauchi-da-bidam-romantichen-porano-ne-bev-kako-likovite-shto-gi-glumam-09.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg