Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај нас сè уште постојат предрасуди“

Со кои предизвици се соочивте како мајка и сопруга, додека траеше лекувањето? Што ви беше најтешко во тој период?

Најмачните предизвици ми беа хемотерапиите кои траеја речиси една година и со нив ми беа најмачните моменти, но откако ќе им поминеше нивното дејство, јас се навраќав на фитнес-тренинзите и како ново искуство ја пробав јогата и забележав дека ми годат нејзините вежби.

Не ми недостигаа луѓето, си недостигав јас на себе и се себеоткривав, за да ја пронајдам виновничката за болеста.

Тагата беше постојаната придружничка и на неа работев како да ја престорам во лична среќа.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-17.jpg

Знам дека онколозите и докторите сметаат дека ова подрачје е неистражено и не знаат зошто се случува, но јас сум цврсто убедена дека секој од нас има си има своја слабост, а мојата слабост била женственоста, неа ја силував и ја губев, не се сметав за жена и како целосен исход ја изгубив женската нежност.

Вербата во Бога беше засилена и читајќи ги духовните списи ми се потврди мојата теорија дека канцерот е состојба, во која сама себе се јадам и си пресудувам смрт.

Причината беше дека не се сакав и не се почитував.

Губењето на косата беше уште еден предизвик со кој се соочив и турбанот ми го измени погледот да се родам повторно, но не од мајчината утроба, туку од сама себе, a белегот кој ми остана сведочеше за животот кој не ми се случуваше.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-05.jpg

Како дојдовте до идеја да напишете книга за вашата борба? Што ве мотивираше своите емоции и чувства да ги ставите на хартија?

Пишувам од мала, но првата идеја ми беше дека ако сакам да се излекувам, ќе морам да ги излекувам мислите кои беа виновни за моите немири, а пак тие се повторуваа во непрекинати несоници.

Инаку мојата книга поврзана со моето тегобно искуство со канцерот е првата автобиографија и не се срамев да ги изнесам круцијалните моменти кои ме предизвикаа да се соочам сама со себе.

Паметам дека книгата ја напишав за краток период и не престанував да го чистам мојот дух и ако сакав да имам здраво тело, ќе морав првенствено него да го оздравам.

Не знам дали ќе се согласите со мене, но најмачна не е прошката кон другите, туку да си го простите гревот кон себе и токму пишувањето ми беше простување за секоја моја сторена грешка.

Откако ја напишав книгата, разбрав дека јас ја пишувам и за човештвото, да остане како писмено сведоштво за една жена како го поминала своето патешествие и истовремено да му помогне.

Исто така, сметам дека во нашето општество не се случува општествена одговорност и затоа не се случуваат или се случуваат ретки настани, трибини и разговори на оваа тема, а додека темата ресоцијализација не постои.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-06.jpg

Во колкава мера пишувањето делуваше психолошки и ви помогна да се справите со траумата?

Помогна и помага, бидејќи како што напишав, интровертна личност сум и повеќе можам да се искажам на хартија отколку да се изразам.

Да, јас доживеав промени, но не се темелни, ми недостигаат усните изразувања кога раскажувам за себе.

Во светот постојат библиотерапеветски терапии или наука во која книгите се препишуваат како лекови, а зборовите лекуваат и баш би сакала мојата книга или моите книги да ги лекуваат луѓето додека ги читаат.

Да, пишувањето ми е како седатив како и читањето книги.

Духовната грутка во десната града која се зацврсти во физичко камче ја растопував, но и истовремено и ја зацврснував одбраната од светот кој ме опкружува.

Ако не ги пишувам мислите, имам емотивни блокади и затоа додека пишувам јас разговарам со душата, бидејќи таа е содржината поради која продолжив да живеам.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-14.jpg

Постои ли страв од враќање на болеста и кои се правилата до кои вие се придржувате денес за да го заштитите сопственото здравје?

Секако дека стравот е присутен, но и отсутен поради мојот заборав додека пишувам, фотографирам, кога вежбам аеробик, пливам, вежбам јога и кога се качувам по планини кои веќе ги споменав во претходните одговори.

Се зареков дека ќе бидам човек, а не предмет и затоа кога го чувствувам стравот за опстанок, јас се оддалечувам од луѓето околу мене, една од причините веќе ја спомнав е мојата затвореност и се здружувам со самотијата, бидејќи само од неа можам да ја потврдам својата креативност и сум сигурна дека само таа ми помага да ја надминам безнадежната животна ситуација во која се најдов.

Инаку, не се согласувам со пациенти или со натписи по весници дека тие коишто се соочиле со канцерот дека го нашле засекогаш лекот, бидејќи може да се случи рецидив.

Да, тие се правилата од кои ретко отстапувам, ама најдлабоката вистина е дека мајчинството ме одржува да постојам, моите две деца се сеприсутни во надминувањето на стравот.

Инаку, покрај книгата напишав и уште три книги и ќе ви одговорам дека пишувам, за да живеам затоа и го совладувам стравот кој е секојдневен!

Битна е храната која ја јадеме и колку и да мислиме дека јадеме здрава таа може да е отровна ако е зачинета со лоши чувства и емоции.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-20.jpg

Што би им порачале на сите жени кои се соочуваат со вакви и слични состојби?

Би им препорачала да останат жени и да не ги отфрлаат женските принципи, бидејќи ако ја заборават женственоста, таа кога-тогаш ќе им возврати.

Родени се да се плодни и да раѓаат и дали ќе раѓаат деца, дали ќе одгледуваат цвеќенца, ќе градат домови или ќе соградуваат нови светови, склони се кон создавање и кон одгледување, и како такви не смеат да се оддалечуваат од женската природа.

Жените ја имаат таа привилегија и затоа треба да ја поттикнуваат нивната исконска мудрост и како таква таа е пресудна за општествата и доколку можат да ја оддалечуваат од себе модерната доба на мотивациски говорници без професии и без животни искуства кои раскажувајќи плитки содржини им ги водат нивните животи.

Јавните женски ликови на кои жените потпаѓаат не само што им се восхитуваат, туку и живеат од нив, а всушност за восхит се тие самите со своите посветени животи на семејните, фамилијарните и професионалните вредности.

Доколку читаат книги или весници или гледаат видеа, нека читаат и гледаат мудрости кои им содејствуваат на нивните умови, бидејќи плиткоумните содржини не се компактабилни со нивните инспиративни внатрешни процеси.

Да ја заборават сложеноста и да ја прифатат умереноста, бидејќи сложеноста создава немири.

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-22.jpg

Не се согласувам со феминизмот и сметам дека жената е убава и кога е ранлива и да не си забележува дека ако ѝ е потребна поддршка од маж, нека дозволи да ѝ помага.

Битен е ноќниот сон и ако него го имаат, го имаат и здравјето и беспотребни се амбициите ако за нив се борат, бидејќи борбите ги преморуваат и ги истоштуваат, а токму заморот и исцрпеноста доведуваат до опаѓање на одбранбената способност.

Во ера на машини кои им помагаат во секојдневните домашни обврски за разлика од нивните баби, се појавува можност за поголема посветеност која предизвикува силна мотивираност да творат и да прифатат нови предизвици.

Животот е магија, а таа е во секој ден и моите пораки не се однесуваат само на жените кои се соочуваат со вакви и слични состојби, туку на сите жени, да ги живеат животите со храброст и такви какви што се смели, секој ден да раѓаат и да творат нови општества.

Па, нек творат здравје, бидејќи во него се наоѓа среќата!

maja-od-skopje-na-41-godina-go-pobedi-rakot-na-dojka-pacientite-krijat-deka-primaat-terapii-kaj-nas-se-ushte-postojat-predrasudi-za-rakot-21.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg