Ирена Димоска, жртва на семејно насилство: „Првпат ме удри по свршувачката, ме напаѓаше и кога плачеше нашиот син“

„Првиот напад беше со закани и влечење за коса, а најтрауматично ми беше кога јас се измолзував, син ми се разбудил, почнал да плаче и не сум го слушнала. Во тој момент бившиот сопруг стана и уште пред да се свестам, ме фати за коса и ме нападна“, вели Ирена Димоска од Битола за CRNOBELO.com, мајка на 2 деца, која по 6 години брак одлучила да стави точка на трпењето семејно насилство.

irena-dimoska-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-prvpat-me-udri-po-svrshuvachkata-me-napagjashe-i-koga-placheshe-nashiot-sin-01_copy.jpg

Ирена Димоска од Битола е мајка на две деца, на возраст од 6 и 7 години, која била жртва на семејно насилство.

Таа по 6 години брак одлучила да стави крај на голготата и да излезе од пеколот кој ѝ започнал уште по самата свршувачка.

Ирена ја споделува својата емотивна приказна за да инспирира и други жени, жртви на семејно насилство, да проговорат јавно и ова повеќе да не биде табу тема.

Нејзината порака е: „Доста молчевме“ и споделува дека најважно е да се креира цврста мрежа за поддршка на жртвите.

Искрената исповед на Ирена Димоска за CRNOBELO.com

Како започна љубовта со човекот, кој потоа стана ваш најголем немир? На колку години стапивте во брак?

Со бившиот сопруг бевме кратко во врска и само по шест месеци стапивме во брак.

Вообичаено за насилниците е брзо одвивање на врската, затоа што за нив стапувањето во брак претставува сигурност и тука тие веќе почнуваат да чувствуваат дека имаат контрола над жртвата и почнуваат да го покажуваат вистинското лице.

Во брак влегов на свои 28 години. Можеби некои жени ќе речат дека биле премлади, дека затоа не успеале да проценат, но вистината е дека секоја жена може да падне во замката на ваков човек, без разлика на возраст, образование или интелигенција.

irena-dimoska-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-prvpat-me-udri-po-svrshuvachkata-me-napagjashe-i-koga-placheshe-nashiot-sin-02.jpg

Дали уште додека бевте во љубовна врска имаше некакви сигнали за црвена тревога? Негови испади на бес, некаков напад врз вас?

Кога насилникот започнува врска тој на еден начин прво ја „обработува“ жртвата.

На почетокот нема такви јасни знаци, а кога веќе дошло до удар веќе сме вплеткани во неговата мрежа и не е така лесно да се излезе. 

Вообичаено знаците се посуптилни и затоа е многу важно да се едуцираат жените како да ги препознаваат.

Денес насилството е премногу популаризирано и многу од тие црвени тревоги се прикажани како позитивни и пожелни. Сум сретнала класични насилници како главни херои во многу книги и филмови. 

Најпрвото нешто што треба да ве алармира е она што би го нарекла инстант заљубување. Тој веднаш не може без жртвата, дотогаш не доживеал таква љубов. Доаѓа до едно имитирање на вашите ставови, тој за сè мисли исто како вас.

Мојот бивши сопруг инсистираше веднаш да се сподели јавно дека сме во врска и да ме запознае со неговото семејство, иако јас не бев спремна за тоа. Потоа доаѓаат бурни реакции за секоја ситница, но тоа не е напад на бес, туку тој е „повреден“ од некоја моја постапка, па набива чувство на вина и се заканува со прекин на врската.

Почнаа да му пречат моите пријателства, но тоа е замаскирано како „грижа“ за мене, бидејќи тие не се искрени спрема мене и ме искористуваат.

Моите родители му пречат бидејќи тие не го „почитуваат“ и повеќе се грижат за мојот брат, отколку за мене.

Секој мој план да одам некаде без него беше проследен со кавга, бидејќи не сум го известила навреме или тој веќе ја загубил довербата во мене поради некоја ситница од претходно.

irena-dimoska-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-prvpat-me-udri-po-svrshuvachkata-me-napagjashe-i-koga-placheshe-nashiot-sin-03.jpg

Низ каква голгота минавте? Кога партнерот за првпат крена рака врз вас?

Првпат до физичко насилство дојде по свршувачката. Би навела дека тогаш бев веќе бремена и денес со сигурност тврдам дека тоа е негова намерна постапка за да ме „врзе“.

Првиот пат беше закани и влечење за коса. Со секој нареден пат насилството се зголемуваше. Најчесто тоа го правеше на места каде не е видливо.

Психичкото насилство можеби најтешко се детектира, но понекогаш дури и не сте свесни дека одредени постапки се физичко насилство, на пример туркање, скокоткање и штипење маскирано како шега до тој степен да го молите да престане, а потоа тој дури е и налутен бидејќи вие не можете да прифатите „шега“.

Колку често се случуваше да бидете жртва на семејно насилство? Што беше тригерот? Можеби пијанство, љубомора или...?

Насилникот е насилен бидејќи тоа е во неговиот карактер. Алкохолот или другите зависности ја засилуваат таа негова особина, но не значи дека секој алкохоличар е насилник.

Некогаш тригерот беше да си ја извади нервозата, некогаш ако останал без пари, а некогаш затоа што едноставно му се пружило можност да ме омаловажи.

Но, најголемо ескалирање доаѓаше кога сакаше да го оттргне вниманието од себе, односно кога ќе излезеше на виделина некоја негова постапка. Секогаш се наоѓаше нешто за што јас бев обвинета, се случувало да вреска по мене затоа што немало доволно сол во јадењето.

Кога ја доживеавте најголемата траума? Во кој миг одлучивте да пријавите во некоја институција?

Најголема траума ми се случи уште во првата година од бракот, но тогаш, за жал, се чувствував како да сум без излез, затоа што сè уште бев под оние стеги на општеството.

Моето прво дете беше доста плачливо бебе. Јас него го хранев со измолзено млеко, па станував по неколкупати во ноќта за да спремам млеко за оброк.

Додека јас се измолзував, син ми се разбудил и почнал да плаче, а јас не сум го слушнала. Во тој момент бившиот сопруг стана и уште пред да се свестам ме фати за коса и ме нападна. Во тој момент се истури и млекото кое требаше да му го дадам на син ми.

Иако друг пат сум била со поголеми повреди, не можам да го заборавам тој настан.

Во институција решив да го пријавам доста подоцна, веќе беше роден и мојот втор син и ме имаше нападнато додека го држев во раце.

Тоа се случи наутро, јас по тој настан ги одведов децата во градинка и продолжив на работа.

Во еден момент се фатив за главата и забележав дека крвавам, не сум ни почувствувала кога дојде до повредата во обидите да се спасам. Но, ниту овој пат не отидов до крај, за жал.

Ми требаа уште две и пол години за да соберам повторно храброст.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Марта Гусар, адвокат: „Не е неопходен развод за жртвите на семејно насилство да побараат заштита“ „Доколку жртвата на семејно насилство сака да поведе и постапка за заштита и бра...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашат... „Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg