Агни Авшар: „Тврдам дека македонското уво е префинето, има луѓе кои ценат квалитетни музичари“

Оваа музичарка носи магија во себе, нејзиниот вокал е незаборавен, а со изведбата ежи и освојува на прва. Нашата, а светска Агни Авшар вели дека чест ѝ е кога има можност да ја дели сцената со великани како Влатко Стефановски, Николче Мицевски, Емин Џијан, Дамир Имери... Во интервју за CRNOBELO.com говори за нејзините музички соништа.

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-01.jpg

Презимето Авшар го носи од нејзиниото раѓање, односно е нејзиното фамилијарно презиме бидејќи има словенечко потекло. Името Агни ѝ е духовно, има подлабока симболика, а на санскрит (древен јазик) значи оган.

Со музика се занимава од најмала возраст, односно од 7 години, кога се запишала во нижото музичко училиште каде 8 години изучувала клавир, теорија на музика, солфеж…

Има дипломирано на музичката академија во Скопје на отсекот по соло пеење на катедрата за џез-музика и популарни жанрови.

Агни Авшар дефинитивно е лице и вокал кое се истакнува на нашата музичка сцена.

Сосема поинаква и своја, таа остава впечаток каде и да се појави.

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-03_copy.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com oваа талентирана музичарка зборува за тоа колку во Македонија се цени квалитетна музика и што сонува на поле музика:

Имаш навистина моќен вокал кој допира до душа, сметаш ли дека тоа е доволно препознаено и ценето кај нас?

Благодарам многу. Можеби како држава и немаме изобилие економски услови за поддршка на секој квалитетен музичар, нешто што се надевам ќе се промени во иднина, но со сигурност тврдам дека македонското уво е префинето.

Има маса на луѓе од значителен број кои слушаат и посетуваат настани на кои се изведува сериозна, современа, светска, модерна музика, за што ми е многу драго.

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-04.jpg

Колку сметаш дека перформансот е клучен за да ѝ ја доближиш музиката на публиката? Ти си силна на ова поле, кој е твојот скриен адут?

Кога станува збор за изведба во живо, клучот секако дека несомнено лежи во изведбата на музичарите. Нивната ангажираност, добрата комуникација на сцена и со публиката, искуството и музикалноста на секој музичар поединечно се пресудни фактори.

Кога сум јас во прашање, можам да кажам дека најверојатно немам „таен“ адут, или барем не еден конкретен.

Љубов ми е она што го работам, одговорно ја прифаќам секоја зададена задача и се трудам да бидам навистина присутна на секој настап.

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-09.jpg

Со каков тип на музичари ти е чест и задоволство кога ја делиш сцената?

Јас сакам да музицирам, а најмногу уживам кога работам со луѓе кои го сакаат истото.

Чест ми е кога имам можност да делам сцена, а со тоа и да учам од великани.

Навистина ми е драго што сум имала можност да соработувам со светски македонски музичари како Влатко Стефановски, Николче Мицевски, Емин Џијан, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Дамир Имери, Оливер Јосифовски и многу други, како и врвни музичари од странство меѓу кои Хуан Аткинс, Ранко Рихтман, Јосип Цвитановиќ итн.

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-06.jpg

На што работиш периодов на музички план?

Периодов работам на проект чијашто идеја ја начнав сама уште пред околу 5 години.

Ми требаше подолго време да разјаснам самата со себе во кој жанр ќе се движам, на кој јазик ќе пеам итн. На крајот се одлучив дека ќе биде еклектичен спој на повеќе жанрови и повеќе јазици.

Едвај чекам да го споделам ова нешто со публиката и се надевам дека ќе биде пријатно дочекано. Нетрпелива сум по ова прашање, но со сигурност потврдувам дека реализацијата следува набрзо!

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-05.jpg

Што сонуваш за себе на поле музика во иднина?

Ах, безброј соништа… Да станам поквалитетен човек преку љубовта кон музиката, гордо да зборувам за Македонија изведувајќи своја музика низ целиот свет.

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-10.jpg

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-02.jpg

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-08.jpg

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-07.jpg

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-12.jpg

agni-avshar-tvrdam-deka-makedonskoto-uvo-e-prefineto-ima-masa-lugje-koi-cenat-kvalitetni-muzichari-11_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg