Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со сопругот имаме успешен бизнис“

Настрана неубавите работи, кој ти е лично на тебе најубавиот дел поврзан со животот на Нов Зеланд?

Јас лани ја имав една од најубавите години во животот.

Еден од најубавите моменти беше кога зедов дозвола за возење мотор. Мотор уште немам, но ќе си купам сега за роденден, кога ќе се вратиме.

Таму е сега зима и многу е без врска што за 18 август кога ми е роденден е зима. Чудно е ама се навикнуваш – Дедо Мраз и Божиќ ги славиш на плажа, на пример.

Во 2019 година таму запишав и факултет, бидејќи не знам да мирувам, па лани дипломирав и зедов диплома за дигитален маркетинг, па горда сум на себе.

И бизнисот го проширивме како што треба, па можам да кажам дека тоа беше најубавата година откако сме преселени таму.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-08.jpg

Што од Македонија ти фали најмногу кога не си тука?

Семејството и пријателите.

Како што кажав, таму отидов на 39 години. Такви пријателства како она што го имам со Зоки Фаци или Зоки Давитков или со другарките од средно, на 39 години не можеш да ги создадеш.

Сега не можам да си дозволам да се опијам, да се „влечам по улици“, да немам пари за такси. Сите тие ситуации создаваат блискост.

Но, и таму се случува да си „пишеме“ со некои пријателки и да се договориме да се видиме веднаш.

Многу луѓе велат дека таму нема социјален живот, но јас не се сложувам. Мојот социјален живот е ист како и овде.

Јас сум секој викенд излезена, на некој настан, на 2-3 дена седнувам некаде на ручек, на кафе.

Понекогаш е тешко за менаџирање бидејќи сме сами со Игор, а некој мора да го чува Тиан. Додуша, Игор го чува повеќе, бидејќи таква ми е работата.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-10.jpg

Има ли многу Македонци таму? Се дружите ли со некои од нив?

Има преку сила околу 2.000 Македонци. Се дружиме – си имам една женска група со Весна, Тања и Бубе и се наоѓаме на кафе секој понеделник. Со Далибор одам по дискотеки, а имаме и пријатели кои нè канат на слави, на родендени. Но, не се дружиме исклучиво со Македонци.

Моите пријатели таму се претежно Азијати, а и најдобрите другарчиња на Тиан се Азијати, па се дружиме и со нивните родители. Имам пријатели од Јужна Африка, но и Новозеланѓани.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-22.jpg

Се присетуваш ли некогаш на времето кога беше една од најпопуларните жени кај нас? Те фаќа ли носталгија?

Не, искрено. Јас никогаш не сум се доживувала така и тоа ќе го потврдат моите пријатели. Јас сум уште истата Хелена.

Од друга страна, на Нов Зеланд жените не се дотеруваат. А јас се дотерувам екстремно. Па и таму сум си популарна, „локал“, ама популарна, ха, ха.

Шега на страна, не ми пречи што никој таму не ме препознава. Можеби тоа е и предност, бидејќи во Македонија се случуваше да седнам со некој што не ме знае, а тој веќе да има создадено слика за мене.

Не ме перцепира каква сум навистина, туку се води од сликата што ја добил од медиумите. Тоа ми пречеше.

А таму го нема тоа, луѓето што се со мене, ме вреднуваат баш мене, и тоа ми се допаѓа.

helena-roza-03_1.jpg

Публиката ја памети емисијата „Во кревет со Хелена“, со која рушеше табуа кај нас... Би се вратила ли некогаш на телевизија или да направиш свој поткаст? Те влечат ли медиумите?

Телевизијата била единственото нешто што сум го работела, а како да не работам. И сега да ми кажеш дека треба да снимам, јас сум спремна. Поради тоа што се случи со А1 телевизија морав да прекинам.

Од друга страна, на Нов Зеланд нема телевизија, сè е преземено од Австралија, има само вести и некои утрински програми, но не и забавни програми.

Сум размислувала за поткаст, ама за сега не знам.

helena-roza-02_1.jpgВо друштво на поранешниот новозеландски премиер Џон Кеј

Многу одамна танцуваше и на настапите на сестра ти Ребека, се појави и во нејзин спот, а изведе и еротски танц во талент шоу во Србија. Играш ли уште понекогаш, макар за свој ќеф?

Да да, танцувам. Има во Оукленд убави дискотеки каде што можеш да се изнаиграш, па се враќам дома „жива вода“. Го сакам танцот, многу.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-14.jpg

Колку е ќерката ти Кјара налик на тебе? Дали таа се занимава со моделинг?

Кјара наскоро ќе полни 25 години. Таа реално не се занимава со моделинг, иако сликаше неколку модни кампањи.

Јас преку работата во Eye Magazine сум во контакт со многу луѓе, компании, фотографи и тие знаат дека таа ми е ќерка. Со неколку девојки Кјара сликаше кампања за комфорни градници, а од пред 2 месеца е заштитно лице на EAZA, компанија која произведува апчиња за подмладување по нови технологии.

Имала и други понуди кои ги одбивала, но повремено прифаќа некои инфлуенсерски понуди. Таму тоа е поинакво отколку кај нас.

Фирмите бараат микроинфлуенсери, не сакаат големи ликови, а таа намерно им дава висока цена за да ги откачи, па 80% велат не. Ама, некој прифаќа и таа ќе ги изрекламира.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-03_1.jpg

Инаку студира право и интернационална политика, и е член на третата по големина партија на Нов Зеланд. Беше претседател и на кампусот на Универзитетот на Оукленд, и дел од комитетот на партијата и се занимава со политика.

Кјара е многу поповлечена од мене, си се собираат дома со друштвото, со дечко ѝ. Не сака многу да излегува.

Кога и да ѝ се јавеше мајка ми за време на локдаунот, Кјара знаеше да ѝ каже: „Ние сме океј, ама Хелена кај и да е, ќе побудали, ха ха“.

Кјара е борбена на мене и амбициозна, тоа ми се допаѓа, но во суштина е многу поинаква.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-02_1.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg