Евгенија Колев (22) е фит трудница: „Сега вежбам 4-5 пати неделно, во првата бременост качив 30kg“
За фитнес прирачникот за мајки се фотографираше со синот. Како изгледаше тоа искуство?
Од сите фотосесии кои сум ги имала, а имало многу, тоа ми беше омиленото искуство.
Често се смееме дека физички синот личи на сопругот, но карактерот го наследил од мене.
Сака да се фотографира и секогаш позира пред камера.
А дали те бараат бремени жени за совет како да ја одржуваат линијата, што да вежбаат?
Да, често добивам прашања и од трудници. Имав неколку барања и за програма за трудници, па можеби и тоа ќе се исполни, имам уште два месеца.
Колку време по раѓањето на синот се врати на редовните тренинзи? Ти беше ли тешко на почетокот да влезеш во рутина?
Секое враќање во рутина е тешко ако долго време сме биле надвор од неа.
Јас се вратив на тренинг по 40 дена, откако добив одобрение од доктор.
Секако, тоа не беа интензивни тренинзи. На почетокот правев корективни вежби за стомачни, кои сега се дел од постпартум програмата Restore Your Core.
Како си ја враќав силата, така го зголемував и интензитетот на тренинзите, но пред сѐ си го слушав телото и не брзав.
Како изгледа твојот ден, имајќи предвид дека си млада мајка, која освен тоа е и модел, а и студираш? Како успеваш да балансираш со сè?
Нема некоја посебна тајна во тоа, само добро организирање на времето. Вежбам многу рано наутро, пред син ми да се разбуди и пред сопругот да почне со неговите работни активности.
Освен вежбањето, наутро држам и персонализирани тренинзи за моите клиенти.
Учам кога син ми ќе заспие навечер или за време на неговата попладневна дремка.
Сакам кога секој ден ми се одвива испланирано и имам една иста рутина за секој ден.
Никој не успева да заврши сѐ во денот, далеку од тоа дека и јас завршувам сѐ. Само си поставувам приоритети и го организирам времето според нив.
Внимаваш ли на исхраната? Дали се разликува таа во текот на бременоста во споредба со она што го јадеш вообичаено?
Внимавам на исхраната, да. Начинот на исхрана воопшто не ми се разликува од тој пред бременоста.
Со години ги пазарам истите намирници и готвам слични оброци.
Нормално е количински телото да бара повеќе храна, но далеку од тоа дека јадам за двајца.
Дали поради двете бремености малку го стави моделингот на страна? Или постојат компании кои те ангажираат за да рекламираш модели за трудници?
За жал, во Македонија скоро и да нема брендови кои произведуваат облека за трудници.
Но, со оглед на тоа што втората бременост ја криев скоро до петтиот месец, имав неколку драги соработки со спортски брендови во првите месеци од бременоста.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело