Љубовната приказна на Симона и Кристијан: „Се венчавме во манастирот Бигорски, направивме свадба во тениски клуб“
Свадбата беше на 28-ми мај, а целото искуство за гостите започнуваше со самата покана, на која следеше еден рачно изработен, лично од нас постер кој ги пречекуваше гостите со доза на модерни ноти и нормално како личност, зад која стои огромен дигитален свет морав да обрнам внимание и на некое уникатно дигитално искуство во самата вечер.
Постерот имаше QR код кој со скенирање го оживуваше самиот постер со помош на Augmented Reality и даваше насоки за следниот чекор на гостите во текот на вечерта.
Обрнавме внимание на тоа сликањето со гостите да биде доста релаксирано, без многу дополнителни декорации, односно го искористивме самиот простор и неговата природа.
Фотосесијата ја збогативме со фотографии од тениските игралишта на тенискиот клуб, како нешто поразлично и интересно и за истата добивме супер фидбек од гостите.
Секој гостин го пречека картичка со име, декорирани маси со цветен аранжман, кој сами го правевме, картичка со правила за вечерта и подароче за секој гостин.
Подарочињата беа поделени, односно гостите од машкиот пол добија „His favorite“ подароче, а гостите од спротивниот пол „Her favorite“. Мал знак на внимание кој ги содржеше нашите омилени задоволства.
Во правилата на вечерта беа напоменати и креираните custom Инстаграм филтри со кои гостите требаше да се сликаат и секако користењето на хаштагот #s&kweddingday за да можеме да направиме мини колекција од сите фотографии од вечерта.
Првиот танц го следеа жижици кои ги имаше секој гостин што ја направи атмосферата уште помагична, веднаш по нивното догорување гостите знаеја дека треба да ни се приклучат на подиумот.
Првиот танц ни беше микс од 2 песни „Siempre me quedara – Bebe“ и „Sarà perché ti amo – Richi e poveri“. За музиката ни беа задолжени 2 бенда кои буквално не дозволија да седат ниту 10% од гостите во текот на целата вечер.