Татко од Велес со синот (5) кампува во природа, прави лулашки, пали оган и го учи како да преживее
За да јадеме во природа, да зготвиме нешто или да печеме леб директно на жар знае дека треба да собере доволно дрва, дека треба да се помачи.
Некогаш сме оделе само со трска за риболов и сме го јаделе само тоа што ќе уловиме. Без притисок, нели?
Кога се работи за користење нож, пила или секира, се учиме дека тие нешта се опасни само ако не се користат правилно, дека треба да се има почит кон алатките, но не и страв.
Со овој пристап детето се учи да ги фаќа и користи тие нешта само таму каде што има потреба и под надзор, наместо од љубопитност да експериментира и да се повреди.
Исто и за палењето оган. Прво, учиме каде и кога може или не може да палиме оган, што треба да имаме околу како мерка на претпазливост, на пример камено огниште и вода, и како да го ползуваме оганот, не како да си играме. Повторно, без страв, но со почит кон тоа нешто.
Сè во сè, јас навистина сум благодарен што имаме можност да го правиме сето ова заедно, да се зближуваме како татко и син, тој да учи и да расте, да се гради во духот, душата и телото, а на крај и да инспирираме и некои други да се впуштат во ваков животен стил“.