10 кулинарски и домаќински трикови, со кои ќе си го скратите времето поминато во кујна
Како најлесно да ја одвоите жолчката од јајцето, како најбрзо да ги измиете садовите за чување храна и како најлесно да исцедите лимон – неколку трикови што сигурно ќе ви се допаднат ако не сакате да минувате многу време во кујна.
Ако не сакате да готвите и да се врткате низ кујната, тогаш веројатно барате начин секоја обврска во неа да ја завршите што е можно побрзо.
Во продолжение, 10 трикови што ќе ви помогнат во тоа:
Претурете го маслото со помош на дрвено стапче
Ако имате специјално шише за масло, тогаш знаете дека не е најлесно да го претурите маслото од купечката амбалажа.
Значително ќе си ја олесните оваа обврска ако употребите обично дрвено стапче од сладолед.
Држете го стапчето како на фотографијата подолу и претурете го маслото.
Немојте да го сечете лимонот за цедење
Можете да го исцедите целиот сок од лимонот без да го пресечете.
Доволно е само да направите длабока дупка со нож на едниот крај и да го притиснете.
Оформете ги плескавиците со капак од тегла
Ако сакате сите плескавици да ви бидат со иста големина, оформете ги со помош на капак од тегла.
Чистете ја даската за сечење со сода бикарбона и лимон
На даската за сечење има гребаници од ножот кои може да биде тешко да ги исчистите.
Па, за да ја дезинфицирате даската, врз неа ставете сода бикарбона, па истријте ја со половина лимон.
На крај, само исплакнете ја.
Печете ја пицата со коцки мраз
Овој трик го прослави познатиот италијански готвач Стефано Калегари.
Најпрво ставете неколку коцки мраз врз тестото и запечете го. Извадете го од рерна пред да се испече целосно, ставете ги другите состојки, како доматен сос и кашкавал, па допечете ја пицата.
Според Стефано, поради коцките мраз, тестото ќе биде меко, а крцкаво и нема да се исуши.