10 кулинарски и домаќински трикови, со кои ќе си го скратите времето поминато во кујна

Трик за брзо миење садови за складирање храна

Ако во садот за храна има масло, можете да го впиете со хартиен бришач и значително ќе си го олесните миењето.

10-kulinarski-trikovi-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-da-minuvaat-mnogu-vreme-vo-kujna-07.jpg

Трик за лесно одвојување жолчка

Ако ви е тешко да ја одвоите жолчката на вообичаениот начин, има многу едноставен трик.

Скршете го јајцето во сад и истријте си ги прстите со чешне лук.

Поради лукот, лесно ќе можете да ја фатите жолчката со прстите и да ја одвоите.

За да го отстраните мирисот на лук од прстите, направете смеса од 1 лажица сол, 2 лажици сода бикарбона и малку вода, па тријте ги прстите околу 30 секунди и исплакнете.

10-kulinarski-trikovi-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-da-minuvaat-mnogu-vreme-vo-kujna-08.jpg

Исечете ја саламата со рендето

Рендето може да биде одлично за сечење салама, но и кашкавал.

На овој начин ќе исечете парчиња со иста големина, како и многу потенки парчиња отколку што би исекле со нож.

10-kulinarski-trikovi-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-da-minuvaat-mnogu-vreme-vo-kujna-09.jpg

Продолжете им го рокот на бананите

За да им го продолжите рокот на бананите и да го спречите потемнувањето, завиткајте им го горниот дел со пластична фолија.

10-kulinarski-trikovi-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-da-minuvaat-mnogu-vreme-vo-kujna-10.jpg

Ставете неколку зрна ориз во соларникот

За да го спречите затнувањето на соларникот поради згрутчената сол, само ставете неколку зрна ориз во него.

Оризот ќе ја впие влагата, па солта нема да се згрутчи.

10-kulinarski-trikovi-sovrsheni-za-onie-koi-ne-sakaat-da-minuvaat-mnogu-vreme-vo-kujna-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg