7 грешки во готвењето со кои ги уништувате десертите
Колку пати ви се случило да видите некој рецепт за десерт и да посакате да го направите, но резултатот да биде целосно разочарување? Постојат седум најчести грешки што вообичаено луѓето ги прават, а заради кои десертите и колачите не им излегуваат како што треба.
За разлика од готвењето, кога станува збор за подготовката на десертите постојат повеќе можности за да направите грешка.
Погледнете во продолжение на кои работи треба да внимавате и кои се најчестите грешки во приготвувањето на десертите.
Почнувате со премногу комплицирани рецепти
Можеби сакате да подготвите некој десерт со којшто ќе се пофалите со сопствените кулинарски способности, но ако сте почетник најдобро е да се држите до едноставни рецепти, каде нема што многу да згрешите.
Ви предлагаме да почнете со рецептот за едноставен чизкејк со боровинки, а подоцна кога ќе стекнете поголема рутина во кујната да почнете да приготвувате и други покомплицирани рецепти.
Не го читате рецептот во целост пред да почнете со готвење
На секој почетник му се случило да има барем по еден пропаднат обид за подготовка на десерт затоа што не го прочитал во целост рецептот пред да почне да готви.
Потребно е прво да го прочитате убаво рецептот, за да ви стане јасно како се одвива целата постапка за подготвување на десертот, да проверите дали ги имате сите потребни состојки и да знаете дали одредени состојки прво треба да се оладат.
Не ја загревате доволно рерната и постојано ја отворате вратата
Ако колачот го ставите во недоволно загреана рерна, тогаш тој е осуден на пропаст. Нема да се испече како што треба и крајниот резултат нема да биде задоволителен.
Дополнително, не се обидувајте на секое да ја отворате вратата од рерната за да проверите до каде е, бидејќи со секое отворање ја менувате температурата на рерната.
Состојките што ги користите не се на собна температура
Ако пробате да измешате студено млеко и јајца со стопен путер ќе забележите дека путерот веднаш ќе се стврдне и ќе се направат грутки.
Наместо да добиете меко и глатко тесто можно е да забележите и грутки путер во конечниот колач.