Најбрзиот чизкејк со боровинки – освежителен десерт што не се пече

Наместо боровинки, можете да искористите малини, јагоди, или некое друго сезонско овошје по ваш вкус.

najbrziot-chizkejk-so-borovinki-osvezhitelen-desert-shto-ne-se-peche-01.jpg

Ова е одличен рецепт за оние што сакаат да подготват брз и здрав десерт, а не сакаат да го поминат целиот ден во кујна.

Сѐ што ви треба се 5 основни сосотојки и сезонско овошје по ваш вкус, а кога еднаш ќе го подготвите овој десерт, со сигурност ќе сакате да експериментирате со повеќе различни вкусови.

Како се подготвува овој брз и лесен чизкејк?

Потребни состојки:

За кора:

  • 250g бисквити;
  • 125g стопен маргарин;

За фил:

  • 500g крем сирење;
  • 5dl слатка павлака;
  • 6 големи лажици шеќер во прав;
  • 200g боровинки.

Начин на подготовка:

  • Калапот за торта се обложува со хартија за печење;
  • Бисквитите се мелат и се мешаат со стопениот маргарин, а потоа се рапоредуваат во калапот за торта и се притискаат со чаша додека не се формира цврста кора;
  • Во длабок сад се става слатка павлака, крем сирење и шеќер во прав и се матат со миксер додека не се добие еднаква смеса;
  • Боровниците ситно се сечкаат и се додаваат во филот и целата смеса се меша уште кратко со миксер;
  • Готовиот фил се распоредува на кората од бисквити и се остава во ладилник околу 2 часа;
  • Чизкејкот се декорира со дебел слој шлаг и свежи боровинки.

najbrziot-chizkejk-so-borovinki-osvezhitelen-desert-shto-ne-se-peche-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg