9 кулинарски грешки кои ги прават дури и најискусните домаќин(к)и
При пржење лукот се додава на крај, а не на почеток, бидејќи така брзо гори заедно со другите состојки. Тестенините не се варат во малку вода, а меленото месо не се одвојува со дрвена лажица при пржење. Кои кулинарски грешки ги правите вие?
Дури и најискусните домаќинки, кои секогаш готват „од око“ и имаат осет за готвење, сепак знаат да направат грешки.
Понекогаш традиционалниот начин на кој нашите мајки и баби се научени, не е најправилниот.
Ако сакате да бидете кулинарски експерт, држете се до следниве правила:
Гответе ги тестенините во повеќе вода за да не бидат суви
Имајте го на ум времето потребно за готвење на различни состојки – пример, лукот се пржи и гори брзо, па секогаш се става на крај
Солта се става додека се готват состојките, а не на крај, за да биде целосно измешана
-->
-->
Скршете ги јајцата во посебен сад, наместо директно во садот со сите состојки – ако падне некоја лушпа, тешко ќе ја најдете
-->
Не го одвојувајте меленото месо со дрвена лажица при пржење, туку смачкајте го со специјална алатка
Пред готвење, подгответе ги сите состојки – излупете, исечкајте и само додавајте за да не се случи нешто да загори додека да ги подготвите
Не користете тап нож, посебно за зеленчуци како домат, за да не се распаднат
Секогаш користете поголем сад за готвење, наместо да го преполнувате до горе помалиот – така полесно ќе можете да мешате
Ако сакате посилен вкус и полесно запржен лук – исечкајте го поситно, ако сакате да даде само малку вкус на јадењето – додадете цело чешне при готвењето
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз
Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...

Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата)
Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...

Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите
Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...

Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт
Многу долго го готвите зеленчукот и им ставате масло на печурките уште на почето...

Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач
Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
-->