Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Третман против брчки, подгревање ориз - за што сè можете да употребите коцки мраз?

Знаевте ли дека масирањето на лицето со коцка мраз може да ја намали појавата на брчки?

tretman-protiv-brchki-podgrevanje-oriz-za-shto-se-mozhete-da-upotrebite-kocki-mraz-01.jpg

Коцките мраз се повеќе од разладувачи на летните пијалаци.

Продолжете да читате за да откриете дека само една коцка мраз може да биде одговор на многу ваши проблеми:

Против мозолчиња

Терапијата со мраз е еден од најдобрите начини за справување со акни и мозолчиња.

Измијте го лицето, завиткајте коцка мраз во чиста крпа и притиснете го мозолчето околу една минута. Почекајте неколку минути, па повторете. 

Со ова ќе го намалите црвенилото, но и оштетувањето на кожата кое може да настане од мозолчињата и акните. 

Ги намалува брчките

Овој едноставен метод функционира вака: мразот ја подобрува циркулацијата на крвта и ги спречува предвременото стареење и брчките.

Можете да го масирате лицето околу една минута секој ден пред да се нашминкате. Само, немојте никако да ставате мраз директно на кожата, туку завиткајте го во чиста крпа или ткаенина. 

za-shto-se-mozheme-da-koristime-kocki-mraz-06.png

Отстранување на маснотија од супи

Зготвивте прекрасна, вкусна пилешка супа, но сакате да ја отстраните маснотијата што се избива со меурчиња на површината?

Наполнете метален сад со коцки мраз и ставете го на површината на супата. Маснотиите ќе се соберат на садот, па лесно ќе можете да ги отстраните.

Полесно пеглање

Ако дел од вашата облека е многу тешка за пеглање, постои уште една уникатна употреба на коцки мраз што може да помогне. Ставете неколку коцки мраз во крпа и поминете со неа преку облеката.

Додека пеглате, водата ќе испарува и ќе ја израмни облеката побрзо.

za-shto-se-mozheme-da-koristime-kocki-mraz-03.png

Против модринки

Ако сте претрпеле модринка од спортска повреда, ставете мраз на областа. Ова ќе помогне да се намали интензитетот на модринка.

Во овој случај важно е да го ставите мразот во чиста крпа, а не директно на кожата. 

Кремаст прелив за салата

Ако вашиот домашен прелив за салата не е толку кремаст како што сакате, оваа лесна и уникатна употреба за коцки мраз може да помогне.

Едноставно, ставете коцка мраз во садот со вашиот домашен прелив и протресете ја.

za-shto-se-mozheme-da-koristime-kocki-mraz-04.png

Правење сочни плескавици

Ставете коцка мраз во плескавицата додека ја правите за да остане влажна.

Користете коцки мраз во кои претходно ќе ставите билки, па дури и темно пиво за уникатен вкус.

Пијалаци со подобар вкус

Добро е познато дека мразот ги одржува пијалаците ладни. Но, мразот може да додаде и посилен вкус.

Кога ги замрзнувате коцките мраз, додајте свежи билки, овошен сок, бобинки, кора од лимон или бидете креативни.

za-shto-se-mozheme-da-koristime-kocki-mraz-05.png

Против проширени пори

Завиткајте коцка мраз во крпа и држете ја на областа со проширени пори 2 до 3 минути. За неколку дена ќе видите како зголемените и отворени пори се намалуваат.

Ориз во микробранова печка

Ако вашиот преостанат ориз станал тврд, пред да го затоплувате во микробрановата печка, ставете коцка мраз одозгора. Ќе видите што ќе се случи!

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт Многу долго го готвите зеленчукот и им ставате масло на печурките уште на почето...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg