Кои се придобивките од јадењето овес и како најлесно да го вметнете во секојдневната исхрана?
Го намалува холестеролот, ја регулира тежината и ја подобрува дигестијата – има многу придобивки од овесот, а постојат и навистина вкусни продукти кои ќе ви помогнат лесно да го вметнете во секојдневната исхрана.
Овесот е една од најздравите житни растенија, и тоа од неколку причини.
Овесот е богат со корисни хранливи материи, има ниска калорична вредност, може да ве држи сити подолго време, а поради својот состав, му годи на целокупното здравје.
Покрај тоа, поради неутралниот вкус, овесот може да се комбинира со разни додатоци, а од него можат да се направат и разни други продукти, како колачиња, па дури и растително млеко.
Па, кои се придобивките од јадењето овес, но и како да го вметнете во секојдневната исхрана?
1. Има многу хранливи материи
Овесот е одличен извор на бројни хранливи материи кои се неопходни за нормално функционирање на нашиот организам.
Овесот содржи манган, фосфор, магнезиум, бакар, железо, цинк, како и витамини Б1, Б5 и Б9.
Во помали количини, овесот содржи калциум, калиум и витамини Б6 и Б3.
Истовремено, овесот има протеини и хранливи влакна, како и генерално ниско ниво на јаглехидрати и масти.
2. Може да го намали нивото на холестерол
Високиот холестерол е главниот ризичен фактор за проблеми со срцето. А, сите многу добро знаеме дека кардиоваскуларните заболувања се мошне честа појава.
Овесот има состојка, односно вид хранливи влакна кои, според истражувањата, го намалуваат нивото на такнаречениот лош холестерол.
3. Помага во контролирање на нивото на шеќер во крвта
Некои истражувања покажале дека овесот може да го намали нивото на шеќер во крвта, особено кај лица со прекумерна тежина.
Се верува и дека дел од состојките во овесот го регулираат производството на инсулин во организмот, со тоа дополнително влијаејќи врз нивото на шеќер во крвта.
4. Може да помогне во регулирање на тежината
Веќе спомнавме дека овесот може да ве држи сити долго време.
Овесот има хранливи влакна кои го потиснуваат апетитот и прават да се чувствувате сити подолго време.
Што значи, ако наутро јадете овес, за ручек ќе изедете помалку храна, а со тоа ќе внесете помалку калории.
Исто така, некои истражувања покажале дека хранливите влакна го поттикнуваат лачењето на хормон кој се поврзува со намален апетит, а со тоа и намален ризик од дебелина.
5. Го подобрува здравјето на дигестивниот систем
Поради својот состав, овесот е одлична храна за дигестивниот систем.
Оваа храна ја подобрува дигестијата и ја спречува појавата на констипација и дијареја.
Ова го прави овесот одлична храна за луѓе со дигестивни проблеми, како гасови и подуеност.
6. Богат е со антиоксиданти
Антиоксидантите се состојки кои го спречуваат или одложуваат оштетувањето на клетките.
Овесот е богат со антиоксиданти, вклучувајќи и посебен вид кој речиси и да го нема во друга храна.
Според истражувањата, овие антиоксиданти можат да го намалат крвниот притисок, а имаат и антивоспалителни својства.
Како да го вметнете овесот во секојдневната исхрана?
Лесно можете да го вметнете овесот во исхраната, особено со продуктите на Boom Box.
Овесна каша
Овесната каша е одличен избор за појадок и ќе ве држи сити додека да дојде време за ручек.
Овесните каши на Boom Box се приготвуваат многу брзо, а имаат и неколку различни вкусови.
Истовремено, немаат додадени шеќери и се погодни за вегани.
Овесна гранола
Покрај овесната каша, и овесната гранола е мошне добра за појадок.
Гранолата може да биде и вкусна ужина, особено ако сте расположени за нешто благо.
Исто како овесната каша, и гранолата на Bоom Box можете да ја најдете во неколку различни вкусови.
И, уште поважно, во неа нема додадени шеќери, ниту вештачки бои и ароми.
Овесни колачиња
Кога ви се грицка нешто благо, но не сакате да претерате со внесот на шеќер, овесните колачиња на Boom Box се вистинскиот избор за вас.
Овие колачиња се одлични и во комбинација со утринското кафе.
Како сите продукти на Boom Box, и овесните колачиња немаат додаден шеќер, а можете да ги најдете во неколку вкусови.
Овесни пијалаци
Овесните пијалаци можат да бидат одлична замена за млеко ако сте веган или имате нетолеранција на лактоза.
Но, не треба да спаѓате во овие категории за да уживате во нив.
Овесните пијалаци на Boom Box се одлични во комбинација со овесна каша, гранола, па и за во кафе, а бидејќи имаат одличен вкус, можете да ги пиете и само нив.
И пијалаците на Bоom Box немаат додадени шеќери.
фото: freepik, pixabay, Boom Box