Што ќе се случи со вашето ментално и физичко здравје ако секој ден пиете јогурт?

Јогуртот е една од најздравите намирници – ги има речиси сите потребни хранливи материи, а истражувањата покажуваат дека има позитивно влијание дури и врз менталното здравје.

shto-kje-se-sluchi-so-vasheto-mentalno-i-fizichko-zdravje-ako-sekoj-den-piete-jogurt-01.jpg

Добро познат факт е дека јогуртот е добар за дигестивниот систем. Но знаевте ли дека јогуртот нуди и бројни други придобивки, па дури и за менталното здравје?

Што ќе се случи ако секој ден пиете јогурт?

Зошто е важно јогуртот да биде дел од вашата исхрана?

Јогуртот ја содржи речиси секоја хранлива материја што му е потребна на организмот.

Тој содржи многу калциум, кој е неопходен за здравјето на забите и коските.

Исто така, богат е и со Б витамини кои го штитат срцето.

Јогуртот содржи и фосфор, магнезиум и калиум – состојки кои се неопходни за неколку биолошки процеси во организмот, како регулирање на крвниот притисок и метаболизмот.

Јогуртот има и многу протеини, а ова го прави одлична храна за вегетаријанци.

shto-kje-se-sluchi-so-vasheto-mentalno-i-fizichko-zdravje-ako-sekoj-den-piete-jogurt-03.jpg

Кои физички промени ќе ги забележите ако секој ден пиете јогурт?

Јогуртот најмногу му годи на дигестивниот систем.

Тој содржи пробиотици за кои истражувања покажале дека можат да ги намалат симптомите како подуеност и дијареја.

Неколк истражувања покажале и дека пробиотиците од јогуртот можат да го намалат ризикот од несакани ефекти кои настануваат при примање терапија со антибиотици, како дијареја и констипација.

Покрај тоа, овие пробиотици го зајакнуваат имунитетот, а некои истражувања покажале дека можат да ги ублажат симптомите и времетраењето на настинките.

Ако пиете јогурт збогатен со витамин Д, овие придобивки стануваат уште поголеми.

Јогуртот може да ви помогне и во одржувањето на телесната тежина – бидејќи имаат многу протеини и калциум, тој може да го намали апетитот.

Некои истражувања покажале и дека редовното консумирање јогурт е поврзано со помала тежина и помалку масти во телото.

shto-kje-se-sluchi-so-vasheto-mentalno-i-fizichko-zdravje-ako-sekoj-den-piete-jogurt-02.jpg

Какво е влијанието на јогуртот врз менталното здравје?

Можеби звучи чудно, но јогуртот веројатно има позитивно влијание и врз менталното здравје.

Едно истражување покажало дека „добрите“ бактерии кои се наоѓаат во јогуртот предизвикале позитивни промени кај глувци кои покажувале симптоми на депресија.

Авторите на истражувањето веруваат дека јогуртот има исто влијание и врз луѓето.

Всушност, бројни други истражувања имаат покажано дека добрите бактериите во стомакот веројатно имаат големо влијание врз менталното здравје.

На пример, истражување од 2014-та покажало дека пробиотиците можат да ја намалат анксиозноста кај возрасните.

Истражување од 2018-та, пак, покажало дека редовното консумирање јогурт, во комбинација со физичка активност, го зголемува нивото на серотонин, а со тоа го намалува ризикот од депресија.

shto-kje-se-sluchi-so-vasheto-mentalno-i-fizichko-zdravje-ako-sekoj-den-piete-jogurt04.jpg

Колку јогурт можете да консумирате дневно?

Ако не консумирате други млечни производи, слободно можете да испиете и три шолји јогурт дневно.

Доколку јадете и други млечни производи, намалете го количеството јогурт во однос на млечните продукти.

На пример, ако испиете една шолја млеко, тогаш испијте само две шолји јогурт.

shto-kje-se-sluchi-so-vasheto-mentalno-i-fizichko-zdravje-ako-sekoj-den-piete-jogurt-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg