Појадок за 1 минутa, практични за ужинка и за на пат - кои се омилените здрави оброци на моето семејство?
Во последнава година, откако станав мајка на две деца, сум во постојана трка со времето. Ми се чини дека најголем дел од времето во текот на денот губам во подготовка на оброци.
Појадок за целото семејство, една ужинка за децата, ручек, втора ужинка, вечера...нема крај.
Постојано си барам решенија за брзи и здрави оброци кои нема да ми одземаат премногу време и нема да го поминам половина ден во кујна, што е и невозможно покрај останатите куп обврски.
Пазарењето во супермаркет е омилено задолжение на сопругот и ќерката. Одат со список, но задолжително доаѓаат со уште неколку производи кои ѝ фатиле око на Уна (4) – најчесто грицки, бисквити, по некое чоколатце, секогаш во шарена амбалажа.
Еден викенд неодамна, во ќесите од пазарење донесоа неколку розови и виолетови ќесички (нели, омилените бои на ќерката) со овесни каши и колачиња. Си помислив „Ах, пак паднала ќерката на некоја убава амбалажа...“
Со оглед на тоа што овесот беше една од првите житарки кои ги воведов во исхраната на децата и денес е дел барем од еден наш оброк во текот на денот. Важно ни е да остане така пред сè заради полесно варење на храната и да не се појават какви било дигестивни проблеми во деновите кога не сакаат да јадат овошје.
Овесната каша со шумско овошје и бадеми на Boom Box, од сосема случајно одбраните шарени ќесички на Уна, веднаш стана омилена во нашето семејство.
Практична е за ран појадок пред градинка на ќерката (оној за секој случај, ако ѝ текне дека не ѝ се допаѓа пројата што е на мени дента), јас и сопругот ја практикуваме исто така за појадок на брзинка на работа, а на синот му е попладневен десерт.
Она што е добро, потребно е буквално минута за подготовка на истите - и децата уживаат да си ја подготват и сами. Додаваме вода или овесен пијалак и појадокот е спремен. Доброто е што сето ова може да се направи и со една рака (мајките ќе ме разберат), додека со другата го држам малиот, се чешлам или раскревам низ кујна.
На ќерката ѝ остана омилена розовата овесна каша со шумско овошје и бадеми, мој фаворит е онаа со јагоди и чиа, а кај сопругот најчест избор е чоколадо и лешници или онаа со банана.
Доброто е што не чувствуваме никаква тешкотија при варењето (како што би имале кога ќе изедеме бурек или тост), имаме енергија за целиот ден и сме навистина среќни што не забораваме да појадуваме (што ни се случуваше често со многуте работни обврски). Со тоа што престанавме да јадеме бели печива секојдневно – кифли, переци, бурек, забележуваме значителна разлика во целокупното функционирање во текот на целиот ден.
Овесните колачи ни се секогаш при рака кога излегуваме на прошетка или пикник, практични се за во детска количка, а и задолжителни кога одиме на пат.
Во кола постојано се бара нешто за грицкање па колачињата од какао, кокос и брусница ни се одлична замена за ужинка додека патуваме. Успешно ги заменивме чипсовите и нездравите грицки со овие здрави вегански колачиња во кои ужива целото семејство. Брзо заситуваат и што е најважно, не содржат шеќери.
Boom Box ја доби целата доверба од моето семејство па со задоволство честопати знаеме и да уживаме во крцкава овесна гранола со овесниот пијалак со кокос или лешници. Вкусот е како домашна, верувајте ми.
Летово практикуваме секогаш кашите и гранолите да ги јадеме ладни, но и со топол пијалак или вода се навистина вкусни.
Зошто производите на Boom Box се прв избор на нашето семејство?
1. Овесните каши се подготвуваат брзо, а се здрави и вкусни и без шеќери. Децата ги обожаваат, лесни се за подготовка.
2. Имаат практично и „eye catching“ пакување, идеално за носење и на прошетки, допадливо и кај најмалите, практично за „да си го понесете“ и на пат или за во ранче за секој случај за во градинка на децата. Ги собира и во мала женска чанта така што во секое време имате при рака оброк „to go“.
3. Овесот е една од најздравите житарки богата со растителни влакна и идеален за секој организам. Секој ден имаме барем еден здрав оброк во денот.
Сите производи на Boom Box се на база на овес и се 100% вегански, на растителна основа.
Содржат исклучиво природни шеќери од овес, овошје и други состојки.
Можете да одберете разни типови на овесни каши, пијалаци, колачи или гранола. Информациите за нивните нутриционистички вредности може да ги прочитате тука.