Јагоди, тиквички: 10 совети како да го одберете најквалитетното овошје и зеленчук на пазар
За многу видови овошје, бојата воопшто не е пресудна за вкусот. Бојата на црешите, на пример, може да зависи од нивниот вид, па треба да обрнете внимание дали плодот е сјаен и тврд, а не каква боја има.
Летото е период кога овошјето и зеленчукот доминираат во нашата исхрана. Но, и покрај тоа што ги купуваме мошне често, сигурно ви се случило овошјето или зеленчукот кои се навидум зрели и сочни, да имаат лош вкус.
Ако често сте во ваква ситуација, погледнете на што треба да обрнете внимание за да ги одберете најдобрите овошја и зеленчуци во продавница:
Јагоди
Кога одбирате јагоди, не треба да се фокусирате на големината и формата. На пример, ако јагодата е голема и има „правилна“ форма, не мора да значи дека ќе биде блага и сочна.
Наместо тоа, обрнете внимание на горниот дел, кај ливчињата – ако е многу посветол од останатиот дел на овошјето, тоа значи дека не е целосно созреана и најверојатно ќе биде кисела.
Нектарини
Недозреаните нектарини можат да бидат кисели, но лесно можете да ги препознаете – тие обично имаат и зелена боја.
Кај зрелите нектарини доминира црвено-портокаловата нијанса, а неретко и жолтата.
Спанаќ
Кога купувате спанаќ, осигурете се дека има темнозелена боја и, секако, не треба да има овенати листови.
Исто така, избегнувајте да купувате спанаќ кој е влажен, особено ако е спакуван во пластична ќеса, бидејќи побрзо ќе се расипе.
Кајсии
Кај кајсиите, бојата не е пресудна за зрелоста и вкусот.
Зрелите кајсии треба да бидат малку меки и обично имаат поизразена арома.
Круши
Лесно можете да оцените дали крушата е зрела. Треба нежно да ја притиснете на врвот – ако е малку мека, тоа значи дека е зрела.
Ако, пак, е премногу мека, тоа е знак дека е презреана.