10 зачини со кои ќе готвите како професионалец (и ќе си го подобрите здравјето)
Покрај биберот и црвениот пипер што сме сигурни дека ги користите, ако во рецептите почнете да додавате и други зачини, како куркума, вашите јадења ќе бидат како на професионалец.
Можеби најважниот дел од секое јадење се зачините – дури ни најскапата и најквалитетна храна нема да има добар вкус ако не додадете некој зачин.
Покрај тоа што го подобруваат вкусот, повеќето зачини имаат и многу здравствени придобивки.
Нормално, овие зачини не заменуваат лекарска помош, но со почесто користење не само што ќе си го подобрите здравјето, туку и ќе уживате во многу повкусна храна.
Кои зачини треба да ги користите почесто?
Куркума
Куркумата не само што го подобрува вкусот на многу јадења, туку крие и неколку здравствена придобивки – од спречување на воспаленија, па сè до ублажување на симптомите на депресија.
Куркумата можете да ја додадете во смути, супи, пржени јајца или омлет и мафини, а најдобро оди со ориз и пржен зеленчук.
Балсамико оцет
Балсамико оцетот не е зачин, но вреди да се најде на листата. Овој оцет има богат вкус и драстично го подобрува вкусот на секоја салата и неретко е подобар избор од „обичниот“ оцет.
Добар е за крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, а може да ја подобри и дигестијата.
Цимет
Циметот го намалува нивото на шеќер во крвта и е одличен за здравјето на срцето.
Можете да го додадете во јогурт, овошни салати, житарици, па дури и во кафето ако сакате посебна (божиќна) арома.
Ѓумбир
Веројатно не треба да ви кажуваме за бројните здравствени придобивки од ѓумбирот. Покрај тоа што ја подобрува дигестијата и ја намалува мачнината, ѓумбирот е одличен сојузник и во борбата против килограмите.
Чајот од ѓумбир е доста популарен, а како зачин можете да го додадете во супи, разни десерти и свежо цедени сокови.
Бибер
Биберот дефинитивно е најупотребуваниот зачин на листата, и тоа со причина.
Тој има моќни антиоксиданти својства и е добар за целокупното здравје.
Овој зачин можете да го додадете во скоро сите солени јадења, особено ако сакате малку лут вкус.