10 зачини со кои ќе готвите како професионалец (и ќе си го подобрите здравјето)
Лук
Ако сакате да го избегнете непријатниот здив од свежиот лук, а сепак да ја добиете аромата што ѝ ја дава на храната, почнете да користите лук во прав.
Можете да го додавате во секое јадење во кое би додале свеж лук.
Лукот е добар за срцето, но и за целиот кардиоваскуларен систем, дури и ако го консумирате во форма на зачин.
Црвен пипер
По биберот, црвениот пипер е еден од најпопуларните зачини не само кај нас, туку и во многу други земји.
Во умерена количина може да ја подобри дигестијата, но и да ги намали болките во телото.
Кога станува збор за храна, црвениот пипер е задолжителен додаток во чорби со грав или леќа, а оди одлично и со други супи, како и месо.
Исто така, можете да додадете малку црвен пипер во шолја топло чоколадо за уникатен вкус.
Ким
Овој зачин го поттикнува слабеењето, го регулира нивото на шеќер во крвта и има антиоксидантни својства.
Можете да го користите како семе, но и во прав.
Најдобро оди со десерти, особено чоколадни, но и со солени јадења со месо и зеленчук.
Нане
Нането е одлично за мачнина, главоболки и дигестивни проблеми, а можете да го користите свежо и сушено, но и да направите чај.
Како зачин, нането е одличен додаток во салати, но и јадења со зеленчук како моркови, тиквички и карфиол.
Кардамом
Овој зачин е одличен за мигрени и проблеми со кардиоваскуларниот систем.
Кога станува збор за храна, можете да го додавате во многу јадења – леќа, ориз, печива, месо…
Спирова С. | Црнобело