10 трикови со кои ќе заштедите масло за јадење додека готвите
Користете шише со распрскувач
На овој начин ќе го нанесете маслото низ целата тава, а притоа ќе искористите помало количество.
Шишињата со распрскувачи се одлични и за додавање масло во салата.
Кога правите поголемо количество храна, направете ја одеднаш
Ако треба да пржите големо количество храна, односно да ја полните тавата неколкупати, најдобро е наеднаш да направите се.
На овој начин ќе можете да направите повеќе храна со речиси исто количество масло.
Не дозволувајте храната да се накисне со масло
Ако дозволувате храната да се накисне со масло, тогаш сигурно ќе треба да употребите повеќе.
За да го избегнете ова, секогаш прво почекајте да се загрее маслото, па потоа ставете ја храната во тавата.
Не ја преполнувајте тавата
Воопшто нема да заштедите масло ако ја преполните тавата. Единствено ќе добиете нерамномерно зготвено јадење.
Не ја покривајте тавата со капак
Заради пареата која се испушта при готвењето, важно е да ја оставите тавата отворена.
Ако ставите капак, водата ќе кондензира на капакот и ќе се врати назад во тавата. Поради ова храната нема да биде крцкава и ќе впие повеќе масло.
Спирова С. | Црнобело