10 трикови со кои ќе заштедите масло за јадење додека готвите
Мерете со лажица, користете нелеплива тава, добро загрејте го пред да почнете со готвење - постојат навистина едноставни начини да заштедите масло додека готвите.
Речиси и да не постои јадење што може да се направи без масло. Освен ако не готвите во апарат на топол воздух, најверојатно ќе треба да употребите масло без разлика дали пржите или печете нешто.
Иако маслото е важен дел од сечија кујна, треба да бидеме умерени и со него. Сепак, маслото содржи многу масти и не е препорачливо да го консумираме во големи количини.
Покрај тоа, цената на овој продукт постојано се зголемува, а ова е уште една причина што можеби ќе ве натера да бидете поумерени со употребата на масло.
Па, како да заштедите масло додека готвите?
Искористете го трикот со заштитниот чеп
Откако ќе го отстраните заштитниот чеп, немојте да го фрлате. Наместо тоа, ставете го наопаку на отворот на шишето.
На овој начин ќе имате поголема контрола бидејќи ќе тече помалку масло од шишето.
Прецедете го маслото ако го користите двапати
Не е препорачливо неколкупати да го користите истото масло. Сепак, ако ви остане многу во тавата, а маслото не е потемнето, во ред е да го искористите уште еднаш.
Во овој случај важно е да го прецедите маслото за да ги отстраните ситните парченца храна.
Но, ако во маслото има многу храна, сепак не го употребувајте уште еднаш.
Однапред одредете колку масло ќе ви треба
Однапред размислете колку храна ќе готвите и колку масло ќе треба да ставите во тавата.
На овој начин нема да ставите повеќе од потребното, што значи нема залудно да фрлате.
Користете нелеплива тава
Во овие тави доволно е да ставите само неколку капки масло. Па, вреди да купите барем една.
Мерете со лажица
За да не ризикувате да ви се истури повеќе масло од планираното, ставајте го со лажица.