Не ги кршете шпагетите и уште 6 златни италијански правила за приготвување тестенини
Не ставајте масло, солта ставете ја дури откако ќе зоврие водата и никако не ги ставајте тестенините во микробранова - кои се златните плавила на Италијанците за приготвување паста?
Секој има свој рецепт за тоа како да се подготват совршена паста.
Некои сметаат дека тестенините прво треба да се потопат во вода, други сметаат дека треба прво да се пропржат па да ги стават да се варат, трети пак ги ставаат во зовриена вода и ја гасат ринглата, за тестенините сами да се доварат...
Но, што сметаат Италијанците? Кој е вистинскиот начин за подготвување тестенини и зошто се лутат кога го „сквернавиме“ нивниот процес на подготовка на тестенини?
Во продолжение проследете 10 златни правила за приготвување тестенини од Силвана Ланцета, која е автор на книги за рецепти и е позната како уметник за тестенини:
Заборавете на маслото
Маслото не се соединува со водата и останува на површината, така што нема да ви помогне за тестенините да не се лепат. Освен тоа, маслото нема да дозволи сосот рамномерно да се „залепи“ на тестенините и ќе лизга од нив.
Водата треба да врие
Кога станува збор за тоа колку вода ви треба, правилото според Силвана е следно: еден литар вода за секои 100 грама суви тестенини.
Доколку сакате да имате совршени тестенини, тогаш водата треба да ја почекате да почне да врие во целост, односно додека не почнат да се прават меурчиња.
Сол се додава дури откако ќе зоврие водата
Доколку додадете сол предвреме, тогаш ќе биде потребно повеќе време за да зоврие водата. Но, ако додадете сол на веќе зовриена вода, тоа само ќе ја зголеми температурата на водата и ќе ја направи пожешка.
Не оставајте да се „крчкаат“
Додека се варат тестенините треба да се има на ум дека водата треба постојано да врие и на тој начин ќе се сварат побрзо. Доколку се намали температурата, тестенините ќе бидат премногу омекнати.
Не ги кршете шпагетите
Должината на шпагетите е важна. Кога ќе ги завиткате околу виљушката, ако шпагетите се долги полесно ќе го соберете сосот.
Шпагетите се ставаат во целосната должина во садот со зовриена вода, а потоа полека се туркаат надолу откако ќе омекнат.
Немојте да ги плакнете тестенините
Пред да се исцедат тестенините, добро е да тргнете настрана малку од водата во која се вареле, доколку сосот е премногу густ, за да ја искористите истата вода за оретчување.
Плакнењето на тестенините пак, нема да дозволи сосот подеднакво да се распореди, а и ќе го прекине процесот на готвење, што трае сè додека тестенините не се сервираат.
Остатоците од тестенините не се подгреваат
Заборавете на подгревање на тестенините во микробранова или во рерна, тоа ќе има ужасен вкус.
Во Италија доколку имаат остатоци, тие од нив прават нов оброк. Може да се потпечат со други состојки, како месо, моцарела сирење, варени јајца и зеленчук.
Б. С. Б. | Црнобело