8 (здрави) намирници со кои мора да бидете умерени – некои предизвикуваат труење
Пиењето многу вода може да го разреди натриумот во крвта, додека јадењето само протеини го изгладнува организмот од масти и јаглехидрати кои се неопходни за нормално функционирање.
Само затоа што некои намирници се здрави, не значи дека треба да претераме со нив.
Без разлика за каква храна станува збор, умереноста е секогаш важна.
Ова важи дури и за пиењето најобична вода.
Со кои последици можете да се соочите ако претерате со некои намирници?
Бразилските ореви можат да предизвикаат труење со селен
Бразилските ореви имаат бројни корисни состојки, но имаат и многу високо количество на селен.
Само осум бразилски ореви со средна големина содржат 544 микрограма селен, а ова е дури 777% од препорачаната дневна доза.
А, предозирањето, односно труењето со селен може да предизвика низа непријатни симптоми како лош здив, дијареја, гадење, болка и екстремен замор.
Во ретки случаи, високото ниво на селен во крвта може да предизвика сериозни проблеми со бубрезите, застој на срцето, па и смрт.
Затоа, препорачливо е да не јадете повеќе од пет бразилски ореви дневно и не е препорачливо да ги јадете секојдневно.
Јадењето многу „чист“ протеин може да го изгладни телото
Такнаречениот „чист“ протеин се однесува на протеин внесен од храна со многу ниско ниво на масти и јаглехидрати.
Овде спаѓаат намирници како пилешки гради (печени), јајца, леќа…
Иако протеините се важен дел од исхраната, ако долг период внесувате само чист протеин, без (здрави) масти и јаглехидрати, можете да се соочите со таканаречено труење од протеин.
Ова труење всушност претставува изгладнување на организмот од други корисни материи, вклучувајќи и масти и јаглехидрати.
Симптомите на оваа појава вклучуваат гадење, главоболки, променливо расположение, слабост, замор, низок крвен притисок, дијареја, зголемено чувство на глад…
Претераното консумирање чист протеин може да го зголеми и нивото на амонијак и аминокиселини во крвта, што исто така е штетно.
Што значи, јадете протеини, но не ги заборавајте и другите неопходни материи за телото.
Јадењето многу јаглехидрати може да предизвика чувство на опиеност
Постои навистина необичен синдром познат како Auto-brewery syndrome кој се карактеризира со ферментирање на јаглехидратите во дигестивниот систем поради зголемен број на габи и бактерии.
Односно, јаглехидратите во желудникот се претвораат во алкохол и со тоа се зголемува нивото на алкохол во крвта, па дури и се јавува чувство на опиеност.
Истражувањата за причините за појава на овој чуден синдром уште се малкубројни.
Но, повеќето студии покажале дека синдромот може да се јави кај лица со прекумерна тежина, како и лица чија исхрана содржи многу јаглехидрати.
Важно е да знаете дека синдромот е редок и може да е предизвикан и од други здравствени проблеми, како Кронова болест или дијабетес.
Односно, ако повремено претерувате со јаглехидратите, веројатно не би се соочиле со синдромот.
Но, како сè останато, важно е да бидете умерени.
Јадењето многу инстант нудли може да предизвика низа проблеми
Инстант нудлите се евтин и брз оброк, но не е препорачливо да ги консумирате секој ден.
Бројни истражувања покажале дека прекумерното консумирање на овие нудли предизвикува таканаречен метаболен синдром.
Овој синдром е всушност група здравствени проблеми, како хипергликемија, кои го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.
Синдромот може да биде предизвикан и од генерално нездрава храна и прекумерна тежина.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





