8 (здрави) намирници со кои мора да бидете умерени – некои предизвикуваат труење
Јадењето сирово брашно може да предизвика зараза со бактерии како салмонела
Сигурно нема да помислите да изедете лажица брашно, но кога правите торта или колачиња, ако сте како повеќето, веројатно пробувате од тестото пред да го испечете.
Но, ова не е препорачливо.
Обично брашното не е третирано за да се уништат бактериите и микробите што би можеле да се во него.
Односно, готвењето е она што го „стерилизира“ брашното и ги убива штетните бактерии.
Некогаш во брашното може да има бактерии како салмонела или ешерихија коли кои можат да предизвикаат сериозни проблеми со здравјето.
Можете да се предозирате со сок од моркови
Сокот од моркови, како и морковите, се навистина здрави.
Но, ако испиете многу, во организмот ќе внесете премногу витамин А (друго име за бета-каротен):
Преголемото количество од овој витамин може да направи кожата да ви добие жолта, дури портокалова нијанса.
Во САД има и случај каде што маж јадел огромни количини моркови и како резултат добил конспирација и имал токсично ниво на витамин А во крвта.
Состојбата му се подобрила по дури еден месец.
Туната содржи жива
Големите риби како туната можат да имаат големо количество жива во нивниот организам.
Ова е главно поради загадувањето на водите од луѓето.
На бремените жени не им се препорачува да јадат туна и други видови риба токму поради ова – живата може да предизвика пречки во развојот на фетусот, па дури и проблеми како церебрална парализа.
Останатите луѓе е безбедно да јадат туна, но во умерени количини бидејќи ако во организмот се акумулира многу жива, и тие можат да чувствуваат проблеми, најчесто со плодност и крвниот притисок.
Пиењето премногу вода го разредува натриумот во крвта
Колку и да ви звучи чудно, не треба да претерате ни со вода.
Дури и советот дека треба да пиете по осум чаши дневно не е погоден за сите бидејќи за некои е премногу, а за други премалку.
Постои таканаречено труење од вода кое претставува драстично намалување на концентрацијата на натриум во крвта, со тоа создавајќи нерамнотежа во електролитите.
И, ова може да биде и опасно.
Има и бизарен случај од 2007 година кога жена починала откако испила големо количество вода наеднаш како дел од некаков натпревар.
За да го избегнете труењето со вода, генерално немојте да пиете повеќе од еден литар на час.
Исто така, важно е да знаете дека ова труење е почеста појава кај војници и спортисти кои обично пијат повеќе вода поради големиот физички напор.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





