На македонската трпеза задолжително јагнешко месо – што има на велигденските трпези кај другите народи?
Во Македонија „ѕвездата“ на велигденската трпеза е секако печеното јагнешко месо. Покрај задолжителни црвени велигденски јајца, најчесто имаме и обреден леб или колач, најчесто милиброд или пак некоја вкусна „мрсна“ торта со јајца во составот.
Јагнешкото месо го симболизира исусовото раѓање во шталата помеѓу јагнињата. Тој симболизира еден вид на жртвено јагне кои го носи маките и страдањата врз себе, прогонуван од луѓето со волчји нарав.
Воедно, велигденските пости се прекинуваат со богата, вкусна и мрсна трпеза, па јагнешкото месо е одличен избор од повеќе аспекти вклучувајќи ја и пролетта, годишното време кое ни го носи најубавиот христијански празник.
Што се сервира во другите земји за Велигден?
Во Русија се подготвува специјален велигденски колач „кулич“.
Во Бугарија трпезата задолжително мора да има „козуњак“.
Во Швајцарија се прави традиционален колач полнет со суво овошје и јатки во форма на гулаб познат како „палома ди пасква“.
Во Финска се подготвува свое специјално лепче за велигденската трпеза. Во составот содржи брашно, вода, кардамом, сок од лимон и кора од портокал.
Италијанците традиционално спремаат солен колач со спанаќ и варени јајца наречен „торта ди паскета“.
Во Холандија за Велигден се наздравува со „егног“ или ликер кој се прави од жолчки, сол, шеќер, бренди или коњак и екстракт од ванила.
Шпанците пак за Велигден имаат „хорназо“, лепче полнето со колбаси, парчиња свинско месо и јајца.
Грците имаат многу слична трпеза со нашата, јагнешкото со компири е задолжително, а имаат и слатка плетенка од тесто.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





