4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната

Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ризик и да се здебелите. Затоа, наместо да броите калории, подобро фокусирајте се на тоа преку што ги внесувате тие калории.

4-soveti-so-koi-najlesno-kje-gi-promenite-loshite-naviki-vo-ishranata-01.jpg

Промената на вашите навики во исхраната бара многу волја и напор, особено ако сакате да го направите тоа за само еден ден. Сепак, постојат неколку совети што можат да ви помогнат да ја постигнете вашата цел. 

Всушност, доволно е да следите само четири совети:

Почнете со мали промени

Луѓето мислат дека менувањето на навиките во исхраната значи целосна, драстична промена, но тоа би било премногу за секого. 

Едноставно, не бидете премногу строги кон себе. Ова е многу полесен начин што ќе има поголем долгорочен ефект.

Внесувајте доволно калории

Кога сте лишени од храна, вашиот метаболизам забавува, а вашето тело се навикнува да ја зема енергијата од мускулите и да ги задржува маснотиите, што може да доведе до зголемување на тежината.

Затоа никогаш не треба да се изгладнувате. 

Немојте да броите калории, туку фокусирајте се на тоа да внесувате повеќе свежи намирници.

4-soveti-so-koi-najlesno-kje-gi-promenite-loshite-naviki-vo-ishranata-02.jpg

Започнете го денот со чаша вода

Секој ден пијте по една чаша вода пред појадокот или кафето. 

Со ова веднаш ќе го хидрирате телото, но и ќе му помогнете полесно да ги исфрли токсините.

Исто така, ќе ја подобрите работата на дигестивниот систем, но и ќе изедете помалку за појадок. 

Јадете во помали чинии

Променете ги навиките за јадење со користење помали чинии од стандардната големина.

Со помала чинија ќе изедете и помалку храна.

4-soveti-so-koi-najlesno-kje-gi-promenite-loshite-naviki-vo-ishranata-03.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg