Намирници кои никогаш не треба да ги консумирате сирови (и зошто)
Сите знаеме дека треба да избегнуваме сирово месо и јајца. Сепак, постојат и многу други видови храна кои дефинитивно треба да се зготват пред да се консумираат.
Неколку намирници кои не треба да ги јадете во сирова форма и зошто:
Компир
Сировиот компир може да предизвика надуеност и непријатни гастроинтестинални симптоми, бидејќи содржи состојки кои се тешки за варење.
Она што е уште поопасно е што сировиот компир, доколку стои долго време на топло или влажно место, може да стане зелен и да развие токсин наречен соланин.
Грав
Гравот е уште една здрава храна што може да биде опасна ако се консумира на погрешен начин.
Гравот е полн со протеини, влакна и антиоксиданти, но доколку го јадете во сирова форма ќе имате сериозни проблеми со стомакот.
Сировиот грав содржи токсини кои можат да предизвикаат мошне непријатни симптоми како повраќање и дијареја.
Млеко
Млекото без пастеризација (или варење) може да содржи штетни бактерии, како што се ешерихија коли и салмонела.
Сировото млеко има 150 пати поголеми шанси да предизвика болести кои се пренесуваат преку храна, отколку другите млечни производи.
Виршли
Пакуваните виршли можат да станат загадени со бактеријата листерија, затоа мора да ги варите или пржите пред да ги јадете.
Модар домат
Сировиот модар домат содржи соланин, истиот токсин што го прави сировиот компир токсичен.
Сепак, потребно е да изедете голема количина на модар домат за да ги доживеете непријатните гастроинтестинални ефекти, но подобро е да го зготвите пред да го јадете.
Покрај тоа, некои луѓе можат да имаат алергиски реакции дури и на мали количини на сиров модар домат, па не ризикувајте.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:





