6 намирници што треба да ги избегнувате навечер ако имате проблеми со спиењето
Покрај кафето, и чоколадото и многу мрсната храна можат да го нарушат сонот доколку ги консумирате многу доцна или веднаш пред спиење. Кои други намирници се наоѓаат на оваа листа?
Многу малку работи можат да се споредат со чувството кое се јавува по квалитетниот сон. За жал, многумина имаат проблем со спиењето, па ретко кој го почувствувал ова.
Ако не се работи за посериозно нарушување на сонот кое треба да се лечи, тогаш причината за лошиот сон може да биде храната што ја јадете навечер.
За да го подобрите квалитетот на сонот, потребно е навечер да јадете храна со помалку калории, но и храна која е лесна за варење.
6 намирници што не треба да ги јадете навечер ако имате проблеми со спиењето:
Кафе
Кофеинот е стимуланс кој делува на нервниот систем. Може да ја зголеми концентрацијата, но навечер може да предизвика проблеми со спиењето.
Експертите советуваат да го ограничите дневниот внес на кофеин во организмот, но исто така тие советуваат и да не консумирате кофеин по ручекот.
Препорачливо е да пиете околу две шолји кафе дневно, па и помалку ако имате сериозни нарушувања во спиењето.
Црвено месо
На желудникот му е потребно подолго време да го свари црвеното месо, па според експертите црвеното месо е најлош избор на јадење по 19 часот.
И големата порција пилешко или свинско имаат еднакво лоши последици доколку се јадат пред спиење.
Алкохол
Алкохолот може да помогне да заспиете полесно, но тој има негативно влијание врз РЕМ фазата од сонот.
Покрај тоа, без разлика на испиената количина алкохол, проблемите како што се намалената концентрација и поспаноста може да ги имате и наредниот ден.
Експертите советуваат да не се консумира алкохол три до четири часа пред спиење.
Газирани пијалаци
Газираните пијалаци спаѓаат во групата намирници што содржат многу киселини.
Јаглеродниот диоксид во газираните пијалаци го зголемува притисокот во желудникот и резултира со појава на киселини кои можат да го нарушат сонот.
Покрај тоа, некои газирани пијалаци содржат и кофеин, што значи најдобро избегнувајте ги во доцните часови.
Мрсна храна
Помфритот, хамбургерите и сите други намирници полни со масти се варат многу долго, а со тоа можат да го нарушат вашиот сон.
Чоколадо
Освен мастите кои ги содржи чоколадото, тоа исто така содржи и малку кофеин кој се наоѓа во какаото.
Чоколадото содржи и висока количина шеќер кој делува како енергетска бомба и го одложува сонот.
М. П. | Црнобело