Невообичаени кулинарски трикови кои ќе ви се најдат во кујната
Читајќи сè почесто се сретнуваме со разни совети како да си го олесниме животот низ домот.
Имајте на ум дека доколку запомните барем половина од овие совети, многу полесно ќе се снајдете во домаќинските работи, бидејќи, нели, никогаш не се знае кога тие може да ви затребаат.
Затоа обрнете внимание на следниве:
1. Растопен путер
Наполнете соодветен сад со врела вода, потоа истурете ја водата и со садот поклопете го путерот. Прекријте со крпа и почекајте неколку минути. Ова ќе ви помогне да го омекнете путерот што значително ќе го забрза процесот на готвење.
2. Сок од лимон
Наместо да го цедите лимонот рачно, употребете клешти за месо. На тој начин лесно ќе го исцедите до последната капка.
3. Свежи јагоди
За да останат подолго време свежи, ставете ги јаготките во сад исполнет со шест чаши вода и две чаши оцет, да стојат десет минути. После тоа добро исушете ги и спакувани во пластична кеса ставете ги во фрижидер.
4. Чување на компири
Ставете ги компирите во сад со неколку јаболка. На тој начин ќе се спречи нивното `ртење.
5. Миење на компири
За лесно и без напор да ги исчистите компирите ставете ги во машина за миење садови. Само ставете на циклус за плакнење.
6. Фиксирање на лажица
Замотајте го врвот на лажицата со ластиче. На тој начин ќе спречите лажицата да се излизга и да потоне во садот.
7. Лесен метод за лупење на јајце
Во садот каде што се варат јајцата ставете парче лимон и оставете да се вари неколку минути.
8. Маринада за месо
Отпадокот од кафе може да се искористи како маринада за месо. Тоа ќе му даде мекост и одличен вкус.
9. Тенки парчиња пилешко
За полесно да го исечете пилешкото на тенки парчиња ставете го 10-15 мниути во фрижидер.
10. Крцкава салата
За да биде крцкава ставете ја зелената салата во сад и покријте ја со неколку хартиени крпи и затворете го капакот.
11. Печен зеленчук
Речиси секој вид зеленчук можете да го печете во микробранова. Само пресечете го, ставете го во длабок сад и покријте го со три слоја хартија за печење.
12. Сос за паста
Вишокот вода која ја цедите од тенџерето каде се вареле тестенините е одлична за подготовка на сос.
13. Лута храна
Неутрализирајте го лутиот вкус во устата така што ќе се напиете млеко, ќе каснете леб или краставица.
14. Риба
Наместо маслото да го турите на тавата премачкајте ја со четка рибата. Така таа ќе остане сочна и нема да биде премногу мрсна.
15. Пржени компири
За пржените компири да добијат златно-жолта боја откако ќе ги излупите исечете ги на парчиња, убаво измијте ги и избришете го секое парче со хартија или крпа.
М. С. | Црнобело