Мусли за појадок – здрава навика за среќен живот
Мусли е без сомнеж извонреден избор за старт на денот. Секој човек свесен за своето здравје додава житарици во исхраната. Мешавина од житарици во комбинација со кокос, зрнесто овошје, суво овошје, семки, претставува здрава комбинација на белковини, антиоксиданси, масти и јаглени хидрати. Ваквиот избалансиран оброк дава енергија, но и го снабдува организмот со потребните витамини и минерали. Според нутрционистите мусли има 10 пати помалку калории отколку енергетски гранола бар, кој е полн со шеќер.
Започнете го денот со здрава порција мусли со обезмастено млеко или млеко од бадем, кое содржи ниско ниво на масти, а покрај тоа е полно со хранливи материи.
Наметнете здрави навики во семејството појадувајќи мусли наутро, кои денес во маркетите ни се на располагање во семејни пакувања и раскошни комбинации. Мусли со тропско овошје или со парченца темно чоколадо ќе обезбеди енергетска поткрепа во текот на денот за секого.
Муслите се мешавина житарици и суво овошје што апсолутно нема холестерол и транс – масти. Доколку сте се одлучиле да примените избалансирана исхрана за намалување на телесната тежина, мусли е вашиот избор. Мусли за појадок ви обезбедува дневна доза на фибер влакна, кои помагаат во контрола на телесната тежина.
Перцепцијата дека муслите се здрави може да доведе до тоа луѓето да ги јадат во поголемо количини одошто е препорачливо. Сепак важно е да знаете колкава порција мусли наутро ви се потребни за енергетско одржување на организмот до следниот оброк. Една здрава порција од природни мусли треба да содржи половина чаша мусли и млеко, јогурт или џус по избор, доволно само да ја прелие содржината.
Изберете ја вашата омилена мешавина на мусли од македонскиот бренд Натура, кој постојано го дополнува изборот со иновативни протеински и високо-нутритивни производи.