7 намирници кои може да ги јадете пред спиење и ви помагаат да ослабете
Гладни сте, цревата ви кркорат, а веќе е доцна и се подготвувате за во кревет? Не си легнувајте гладни, овие намирници може да ги јадете без грижа на совест.
1. Тврд кашкавал
Една порција од овој кашкавал ќе ве засити, а има само 80 калории.
2. Овесни снегулки
Имаат околу 200 калории, лесно се варат и ги олеснуваат мачнините во стомакот.
3. Павлака без маснотии
Шолја павлака без маснотии ќе му ги даде на организмот потребните протеини и ќе ви го олесни сонот. Пробиотските дејства ќе ги смират и цревата.
4. Бело пилешко месо
Доволни се 2 мали парчиња за вечера. На тој начин ќе внесете висококвалитетни протеини со ниска количина масти.
5. Јаболко со путер од кикирики
Јаболката имаат доволно хранливи влакна и ќе ви ја задоволат желбата за нешто слатко, а путерот од кикирики ќе ви даде чувство на ситост.
6. Чоколаден пудинг без маснотии
Лесниот чоколаден пудинг купен од продавниците за здрава храна ќе ве засити без да се здебелите.
7. Банана
Бананите се совршен плод кој може да ве засити непосредно пред спиење, а нема да ви наштети на линијата и килограмите.