10 Начини како да го забрзате готвењето

Ако често ви се случува да посегнувате по брза храна токму поради тоа што немате доволно време да зготвите ништо, тогаш овие совети сигурно ќе ви бидат добредојдени.

10-nacini-kako-da-go-zabrzate-gotvenjeto-1

Планирајте однапред што ќе зготвите, а остатокот е само добра организација која ќе ви заштеди време.

Повеќе времето нема да ви биде изговор:

1. Започнете со греењето. Пред да почнете со што било друго, прво вклучете ја рерната или ставете ја водата да зоврие. Времето на чекање ќе се намали, а со тоа вашиот ручек ќе биде подготвен за побрзо време од досега.

2. Користете кујнски ножици за побрзо да го исечкате зеленчукот директно во тавчето или тенџерето.

3. Сите намирници ставете ги во цедалка и измијте ги под ладна вода. Во текот на готвењето, мијте го остатокот од зеленчукот по потреба.

4. Оние намирници кои можете да ги готвите исечкани, сечкајте ги колку што можете поситно, бидејќи побрзо ќе се зготват.

5. Готвите густа супа од зеленчук? Наместо да го сечкате, изрендајте го зеленчукот и супата ќе ви биде готова за помалку од 10 минути.

10-nacini-kako-da-go-zabrzate-gotvenjeto-2

6. Еден сендвич ќе направите многу побрзо од четири. Земете француско лепче, пресечете го на пола, наредете го, а потоа исечкајте го на помали делови.

7. Користете замрзнат зеленчук. Одличен е како додаток на оризот во рерна, за во супа или било кое друго јадење.

8. Освен ако не печете нешто што мора да се стави на висока температура, не мора да чекате рерната да ја достигне одредената температура.

9. Правете повеќе храна од она што ви е потребно, па така следниот ден ќе имате готов ручек или вечера, а ќе заштедите време.

10. Чистете додека готвите. Сите остатоци од готвењето веднаш фрлајте ги во кантата за отпадоци, а чиниите мијте ги додека храната се готви.

10-nacini-kako-da-go-zabrzate-gotvenjeto-3

Би можело да ве интересира:

Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg