Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно)
Замрзнато месо
Замрзнатото сирово месо може да трае и скоро цела година во замрзнувач.
Но, во овој случај, особено е важно како ќе го чувате.
Ако го чувате целото месо во една кеса, со секое вадење од замрзнувач за да извадите дел, ќе се промени температурата на целото месо и ова може да му го намали рокот на траење.
Најдобро е да го поделите во неколку разни кеси за да не мора да го вадите целото.
Осигурете се дека кесите се добро затворени и не пропуштаат, бидејќи ако во нив влезе мраз, и ова може да го намали рокот на траење.
Масла со билки
Ваквите масла обично се купуваат како подарок и нормално е да заборавите да го употребите, или да не сакате бидејќи изгледаат убаво.
Но, тие имаат рок на траење и ако поминале повеќе од три години, немојте воопшто да ги користите.
Доколку се отворени, употребете ги во рок од една година.
Сосови
Бидејќи имаат различен состав, сосовите имаат различен рок на траење.
Затоа, најдобро е да ја проверите амбалажата.
Генерално, ако не се отворени, сосовите имаат долг рок на траење.
Но, од друга страна, повеќето сосови, како песто или доматен сос за паста, мора да се употребат во рок од неколку дена штом ќе ја отворите амбалажата.
Јаткасти плодови
Ако купувате поголемо количество јаткасти плодови, за подолг период, секогаш е подобро да ги купите нелупени.
Лушпата е како природна заштита и ако ги чувате јатките на темно и суво место, можат да бидат добри за јадење и по една година.
Оние излупените, штом ќе ги отворите, треба да се консумираат во период од околу три месеци.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





