Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти

Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-01.jpg

Дали често ви се случува да ги утнете и поедноставните рецепти, без разлика што сте ги правеле многупати?

Тогаш можеби правите некоја од следниве грешки:

Многу го матите тестото за палачинки

Без разлика дали правите американски или „обични“ палачинки, важно е да не претерувате со матењето на тестото.

Ако го изматите многу, поради глутенот, палачинките ќе бидат тегави.

Доволно е да го матите тестото додека да се соединат состојките и да добиете хомогена смеса.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-02.jpg

Не ставате сол од поголема висина

Кога ставате сол, важно е да посолувате од поголема висина.

Ако соларникот е многу блиску до храната, тогаш солта ќе падне на помала површина и можно е да го пресолите јадењето.

Секако, ова не важи за супи, чорби и слично, односно храна што треба да ја промешате откако ќе ја посолите.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-03.jpg

Не го запржувате оризот

Секогаш е добро да го запржите оризот со масло и зачини пред да додадете вода.

На овој начин, вкусот ќе биде побогат.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-04.jpg

Не ги загревате тавата и маслото пред да почнете со пржење

Ако ја ставите храната во ладно масло, таа ќе впие голем дел бидејќи нема веднаш да почне да се пржи.

Треба прво малку да ја загреете тавата, да го додадете маслото, па да ја додадете храната дури откако ќе се загрее и маслото.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-05.jpg

Не вадите одредени состојки од јадењето пред да ја послужите храната

Ако во храната додавате ловоров лист, треба да го извадите од течноста пред да ја послужите.

Бидејќи ловоровиот лист го подобрува вкусот, но може да ви го расипе јадењето ако го изедете и него.

Истото важи и за слични состојки, како големи парчиња целер, кои ги додавате само за арома.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg