Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти

Користите иста шпатула за сите јадења

Кога готвите, секогаш е важна и шпатула што ја користите.

Ако, на пример, пржите јајца, потребна ви е тенка и широка шпатула со која полесно ќе ги превртите.

Силиконските шпатули, пак, се најдобри за мешање меки и влажни состојки, како тесто или густ сос.

Не треба да користите дрвени шпатули за месо бидејќи во нив можат да се соберат бактерии.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-07.jpg

Не внимавате на редоследот на свежите и сувите зачини

Навистина е важно кога ги додавате сувите, а кога свежите зачини.

Сувите зачини е препорачливо да се додаваат на почетокот од готвењето. На овој начин ќе имаат можност да омекнат и да го ослободат мирисот.

Свежите зачини се додаваат при крајот или на веќе зготвено јадење.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-08.jpg

Не го рендате путерот пред да го додадете во тесто

Кога правите тесто со путер, многу полесно ќе го измесите ако го изрендате путерот, наместо само да го исечете.

Секако, ќе го извалкате рендето, но лесно ќе го измиете со топла вода.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-09.jpg

Многу го гмечите меленото месо

Кога го мешате меленото месо со зачини, немојте многу да го гмечите, ниту да го месите предолго.

Причината е тоа што откако ќе го испечете или испржите, месото ќе биде посуво.

Исто така, кога правите ќофтиња, немојте многу да ги гмечите со рака и подобро формирајте ги со лажица.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-10.jpg

Не го миете оризот пред готвење

Навистина е важно темелно да го измиете оризот за да го отстраните скробот од него. Во спротивно, при готвењето зрната ориз ќе се залепат едни за други.

За најефикасно да го измиете оризот, ставете го во длабок сад (може и тенџере) и наполнете го со вода.

Со раката промешајте го додека водата не стане бела, па истурете ја.

Повторувајте додека водата не е чиста откако ќе го промешате оризот.

kulinarski-greshki-poradi-koi-ne-vi-uspevaat-ni-ednostavnite-recepti-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg