Порции од врвни ресторани во светот – од нив нема да се најадете, но ќе платите за искуството
Какви специјалитети се служат во рестораните со Мишелин ѕвездички? Погледнете како изгледа храната во локалите каде што не се плаќа само храната, туку и искуството.
Ексклузивните ресторани во светот често знаат да се пофалат со бројот на Мишелин ѕвездички што ги добиле, кои се доделуваат на локалите кои се истакнуваат со неповторливи специјалитети.
Една Мишелин ѕвездичка им се доделува на рестораните што користат врвни состојки, а специјалитетите со уникатни вкусови се подготвени по високи стандарди.
Рестораните кои нудат специјалитети во кои може да се забележи талентот на главниот готвач преку експертски подготвените порции, кои нудат рафинирана и инспиративна храна, добиваат по две ѕвездички.
Три ѕвездички добиваат оние ресторани кои имаат главни готвачи кои се на врвот на својата слава, кои знаат да создадат вистинска уметност од храната и некои од нивните специјалитети се вистински класици.
Иако декорацијата не е пресудна во однос на порциите што се служат, рестораните кои имаат Мишелин ѕвездички се препознатливи по уникатната презентација на храната, а според многумина, кога одите во ваков ресторан, треба да очекувате да платите за храната, но и за искуството.
Дел од љубителите на вакви ресторани, на социјалните мрежи редовно споделуваат фотки од храната што имале можност да ја пробаат таму, а во продолжение издвојуваме повеќе фотки од порциите што би можеле да очекувате да ги добиете ако седнете на вечера во ваков ресторан.